ПАДНА СНЕГ, ВОЗДУХОТ Е ЗА НИЈАНСА ПОЧИСТ: Каде е најзагадено?
Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2025
Аерозагадувањето е намалено за разлика од пред десетина дена, но повеќе македонски градови и денеска имаат средно загаден воздух.
Средно загаден воздух дишат скопјани, тетовчани, кичевчани, битолчани, гевгеличани, струмичани и велешани. Куманово, Гостивар, Кочани и Берово се ниско загадени, а многу ниско загадување има во Охрид и Дебар.
На почетокот на оваа година Скопје беше во првите пет најзагадени градови во светот.