ТУРЦИТЕ ДАЛЕКУ ПОБРОЈНИ ОД СРБИТЕ: Зголемен е бројот на странски туристи во Македонија
Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2025
Зголемен e бројот на странски туристи во Македонија.
Најмногу туристи имало во Скопје, а потоа следат езерските места. Од Турција имало над 14.000 туристи, од Србија 3.790, од Грција 3.561, од Бугарија 3.396 гости.
Бројот на туристите во ноември 2024 година изнесувал 66.701, од кои 31.6 отсто биле домашни, а 68.4 отсто се странски туристи. Ова е според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС).
Бројот на ноќевањата во ноември 2024 година изнесувал 138 226, од кои 38.6 отсто се од домашните туристи, а 61.4 отсто од странските. Во периодот јануари – ноември лани, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.3 отсто, при што кај домашните туристи има намалување за 1 отсто, а кај странските има зголемување за 13.8 отсто.
foto Wikipedia/Stotosenik