Ако прифати судот, Јанева излегува од Шутка во петок
Објавено во: Македонија 17 Септември, 2019 14:11
До петок ќе се знае дали Судот ќе и го укине притворот на Катица Јанева откако денеска беше доставено такво барање со предлог други мерки за обезбедување и гаранција во недвижен имот. Одбраната на притворената специјална јавна обвинителка бара таа да биде пуштена од притворот затоа што по истекот на мандатот не може да влијае на постапката. Ирена Фрчкоска, нејзината адвокатка вели дека се отпаднати основите за определување мерка притвор и целта може да се постигне и со друга мерка, а не со најстрогата по закон.
Инаку до петок истекува 30-дневниот притвор кој првично и беше определен на специјалната јавна обвинителка, а тогаш треба да се знае и дали ќе се одреди нов или ќе се прифати барањето за ослободување.
Фрчкоска вчера во изјава за ТВ21 рече дека е нарушено здравјето на Јанева. Јанева е во притвор од минатиот месец и е осомничена во случајот Рекет во кој првоосомничен е Бојан Јовановски Боки 13, а второосомничен Зоран Милески Кичеец.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




