17 Декември, 2025
0.0418

Ако сакаме сирење и кашкавал на трпезите ќе мора да платиме поскапо

Објавено во: Економија 14 Октомври, 2022 07:19

Добивај вести на Viber

Поради намаленото производство на млеко во државата, скапите енергенси, но и поскапата работна рака, и натаму ќе растат цените на млечните производи.

За да имаме сирење и кашкавал на трпезите ќе мора да одвојуваме повеќе пари. Најавено е поскапување на млечните производи до 20 отсто до крајот на оваа година. Од млекарниците во земјава велат дека повеќе фактори водат кон поскапување на нивните производи, и состојбата сега е сменета за разлика од пред неколку месеци.

„Количини на млеко има сè помалку, енергенсите поскапуваат, суровините исто, и за работната рака има повеќе трошоци. Сè помалку има квалификувани работници, и тие достигнуваат 70 отсто од европските плати, а во однос на неквалификуваните работници, и нив ги нема“, велат од Млекара АД Тетово.

Од друга млекарница во Западна Македонија објаснуваат дека цените на сировото млеко, амбалажата, пакувањето, струјата, цените на горивата предизвикуваат линеарно поскапување. Велат дека најголемо поскапување има на биеното сирење и кашкавалот, затоа што за производство на еден килограм од наведените производи се потребни 11 килограми млеко. За работната сила, објаснуваат дека за плата под 400 евра тешко се наоѓа работник. Велат дека квалитетниот производ во вакви околности мора да чини поскапо. 

Од млекарница во Источна Македонија додаваат дека мораат поскапо да им плаќаат на своите кооперанти, производители на млеко, со цел да не се откажат од сточарството или да не отидат кај конкурентите. Производителите за кравјо млеко добиваат до 28 денари, за овчо млеко 42 денари, а козјото млеко или го нема, или го има во многу мали количини.

„Мора да се зголеми цената за сировото млеко, затоа што луѓето не сакаат да чуваат стока, размислуваат да ја продадат, а воедно и тие имаат трошоци за храна за стоката“, велат нашите соговорници.

Од млекарниците сметаат дека државата може да поведе сметка во однос на политиката на маркетите и тука да се помогне за балансирање на цените на млечните производи.

И статистика регистрира дека има поскапување на млечните производи. Пораст на индексите на трошоците на животот во септември 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај сирењето и урдата за 9.9  oтсто, а кај млекото за 5.7 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, производството на кравјо млеко во 2021 година изнесува 326.523 илјади литри, што е за 19.4  отсто помалку во однос на 2020 година.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи