18 Декември, 2025
0.0529

Ако срамот имаше лик ќе изгледаше вака: Југославија ни остави огромно наследство, а овие руини денеска се огледало на државната неспособност и негрижа

Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2025 11:09

Добивај вести на Viber

Огромните индустриски комплекси што и денес може да се сретнат во поголемите градови низ Македонија, се изградија во времето на поранешна Југославија. 

Тие беа симбол на економската моќ, развојот и трудот на илјадници работници. Денес, повеќе од три децении по распадот на заедничката држава, овие некогашни индустриски гиганти стојат напуштени, без судбина и без план, оставени тивко да тонат во заборав.

Овие објекти се меѓу најголемите и најмаркантните градби во своите градови, но наместо да бидат гордост, станале грда слика во урбаните пејзажи. Зад нивните распукани ѕидови и испразнети хали се кријат недовршени животни приказни – приказни на луѓе кои целиот свој работен век го поминале во нив, создавајќи нешто што денес речиси и не постои.

На самиот влез од Куманово, како тажен споменик на едно време, се издига некогашниот гигант на тутунската индустрија – „Тутунскиот комбинат Куманово“. Тука се произведуваа некогаш добро познатите брендови на цигари – MT, Вардар, 57, Дрина и многу други. 

Денес, од тоа време останаа само урнатини. Овој објект, кој некогаш вработуваше илјадници луѓе и беше гордост на градот, денес им посакува „добредојде“ на посетителите со својата запуштеност и распаднати фасади. 

Тој е жив доказ за неспособноста на институциите да се справат со наследството што го остави една држава, зад чии ѕидови останаа запечатени судбините на многу семејства.

Со распадот на Југославија се распадна и нејзиното индустриско наследство. Наместо овие објекти да се сочуваат, обноват или претворат во музеи, тие се оставени како неми сведоци дека со исчезнувањето на системот, исчезна и благосостојбата на илјадници работници кои го градеа тоа наследство.

На само неколку стотини метри од комбинатот, во срцето на Куманово, се наоѓа еден од најимпозантните индустриски објекти – „Жито Мел“ Куманово. Оваа зграда, која некогаш произведуваше леб за потребите на цела Македонија и делови од јужна Србија, денес е симбол на пропаст, негрижа и немарност. 

Целиот текст и видеото погледнете ги на Женски Магазин

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери