18 Декември, 2025
0.0499

АКО СТЕ СРЕДНОШКОЛЕЦ И ЦЕЛИОТ ДОМАШЕН ПРИХОД ВИ Е ПОМАЛ ОД ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА - добивате три илјади денари од државата за прибор

Објавено во: Македонија 08 Август, 2020 15:40

Добивај вести на Viber

Министерството за образование и наука, согласно Уредбата со законска сила за доделување на финансискa поддршка на ученици запишани во јавните средни училишта за купување на училишен прибор, а кои се од семејни домаќинства со низок доход, објави дека почнува пријавувањето на учениците за добивање на еднократен надомест до 3.000 денари за купување на училишен прибор

Известувањето се објавува согласно Уредба со законска сила за доделување на финансискa поддршка на ученици запишани во јавните средни училишта за купување на училишен прибор, а кои се од семејни домаќинства со низок доход, за време на вонредна состојба.

Финансиска поддршка за купување на училишен прибор се доделуваат на ученици кои се државјани на Република Северна Македонија, запишани како редовни ученици во јавните средни училишта во Република Северна Македонија во учебната 2020/2021 година, постари од 16 години на денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила и се членови на семејно домаќинство во кое остварениот просечен месечен доход во семејството по сите основи за 2019 година не е поголем од просечната исплатена нето плата по вработен за месец март 2020 година, објавена од Државниот завод за статистика, согласно со евиденцијата на Управата за јавни приходи.

Училишен прибор, се: тетратки, листови за боење (блок за цртање), прибор за пишување, прибор за боење, бои, училишни торби (ранци), гуми за бришење, острилки за моливи, прибор за пенкала и моливи, технички моливи, калкулатори, глина за моделирање, линијари, шестари, лектири, брајова хартија, како и спортска опрема (спортски обувки и спортска маица и спортски панталони) за потребите на наставата за спорт и спортски активности.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери