05 Јули, 2024
0.0285

Ако ВБ ја напушти ЕУ, Берлин ќе страда повеќе во споредба со напуштањето на Грција

Објавено во: Економија 27 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Новото истражување покажува дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ може да и наштети повеќе на Германија од евентуалното излегување на Грција.

Истражувањето е направено две недели пред парламентарните избори во Велика Британија, кои можат да доведат до одржување на референдум за британското членство во ЕУ.

Најновото истражување на „Отворена Европа“ (Open Europe) предвидува 17% веројатност Велика Британија да ја напушти ЕУ за време на мандатот на следниот парламент, кој ќе биде формиран по изборите на 7 мај. Барометарот „Brexit“ на организацијата нагласува дека има реална можност, која бара сериозно разгледување и план за негова превенција.

Директорот на „Отворена Европа“ во Берлин Михаел Волгемут го спореди влијанието на „Grexit“ и „Brexit“ над Германија, нагласувајќи дека заминувањето на Велика Британија е опасно за Берлин.

Тој забележува во статија за германскиот весник „Frankfurter Allgemeine Zeitung“ дека заминувањето на Велика Британија на ЕУ е поопасна од гневните панични дискусии за евентуалното излегување на Грција од еврозоната.

Велика Британија не само што ќе ја надмине Франција во БДП, но во следните 20-30 години може да ја надмине и Германија, појаснува Волгемут.

Според него, ако Велика Британија ја напушти ЕУ, Германија може да настрада заради евентуално формирање околу Франција на протекционистичка група што е признавање од практиките на слободната трговија.

„Германија ќе загуби важен сојузник ... и германските даночни обврзници ќе треба да ги компензираат загубите на еден од најголемите увозници во буџетот на ЕУ“, смета Волгемут.

Павле Свидлицки, политички аналитичар на „Отворена Европа“, истакнал дека иако барометарот покажува дека 17% е веројатноста Велика Британија да ја напушти ЕУ, многу ќе зависи кој ќе победи на изборите на 7 мај.

Можеби ќе ве интересира

„ЗА СЕДУМ И ПОЛ МЕСЕЦИ ДОЈДОВ ДО ПРОМЕТ ОД 40 МИЛИОНИ ТОГАШНИ МАРКИ, БЕШЕ ЕКСПЛОЗИЈА“ - новиот поткаст Бизнис Муабети на Фактор со Велија Рамковски

„ЗА СЕДУМ И ПОЛ МЕСЕЦИ ДОЈДОВ ДО ПРОМЕТ ОД 40 МИЛИОНИ ТОГАШНИ МАРКИ, БЕШЕ ЕКСПЛОЗИЈА“ - новиот поткаст Бизнис Муабети на Фактор со Велија Рамковски

Мицкоски објави нова инвестиција, ќе се гради фабрика во Петровец

Мицкоски објави нова инвестиција, ќе се гради фабрика во Петровец

ЌЕ ГО ШИРАТ БИОГАСНИОТ КОМПЛЕКС ВО ОВЧЕПОЛИЕТО: Синовите на Кочо Анѓушев ја купија фармата Ерџелијa

ЌЕ ГО ШИРАТ БИОГАСНИОТ КОМПЛЕКС ВО ОВЧЕПОЛИЕТО: Синовите на Кочо Анѓушев ја купија фармата Ерџелијa

Која скопска компанија за потребите на своите клиенти плати 1,22 милиони евра за паркинг простор?

Која скопска компанија за потребите на своите клиенти плати 1,22 милиони евра за паркинг простор?

ЕУ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКАТА: Ќе има високи царини за кинеските електрични возила - стапуваат на сила веднаш

ЕУ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКАТА: Ќе има високи царини за кинеските електрични возила - стапуваат на сила веднаш

МАЛО МЕСТО НА ИСТРА: Квадрат чини скоро 5.000 евра

МАЛО МЕСТО НА ИСТРА: Квадрат чини скоро 5.000 евра

ЗЛАТОТО ГОДИНАВА ПОСКАПЕ ЗА 12 ОTСТО: Што е тоа што ја „билда“ цената?

ЗЛАТОТО ГОДИНАВА ПОСКАПЕ ЗА 12 ОTСТО: Што е тоа што ја „билда“ цената?

БИЗНИС ДРУЖЕЊЕ СО ЧЛЕНКИТЕ - Стопанската комора на Северна Македонија организираше спектакуларен настан

БИЗНИС ДРУЖЕЊЕ СО ЧЛЕНКИТЕ - Стопанската комора на Северна Македонија организираше спектакуларен настан

Новиот министер за економија најавува зголемување на минималната плата

Новиот министер за економија најавува зголемување на минималната плата