АЛАРМАНТНО: Граѓаните се гушат, воздухот екстремно загаден !
Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2015
Скопје, Тетово, Кавадарци утрово во црвена фаза и најзагадени градови во земјава.
Алармантни се мерењата на пм10 честичките кои ги покажуваат мерењата.
Од скопските населби, концентрацијата е исклучително висока во Лисиче и Центар.
Тетово и Скопје се први на листата на Нумбео најзагадени градови во Европа .
Граѓаните револтирани, надлежните смируваат.
Како мерки за намалување на загаденоста, од Министерството за животна средина препорачуваат граѓаните да користат јавен превоз, да не се користат возила без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал, како и правилно користење на печките за дрва.
Од Институтот за јавно здравје, пак, препорачуваат ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.