НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа
Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2025
На 19-годишен пациент е успешно извршена трансплантација на
коска за корекција на деформитет на стапало, предизвикан од церебрална
парализа.
Претходно, ваквите интервенции се вршеле со земање дел од надворешната коска на потколеницата на самиот пациент, што создаваше дополнителни компликации и тешко корегирачки дефекти. Со примена на коска од кадавер, оперативниот процес се скратува значително, не остава дефект на друго место и обезбедува стабилност на корекцијата.
Тимот кој ја реализираше оваа интервенција беше предводен од проф. д-р Зоран Божиновски, со поддршка од анестезиологот д-р Лилјана Ангелеска и асистентите д-р Теодора Божиновска и Кристина Јордановска. Во операцијата учествуваа и медицинските сестри Менче Дојчиновска и Оливера Лазаревска.
Експертизата и стручноста остануваат наш императив и силно сме фокусирани на нови методи и процедури во трансплантацијата, вели проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.
Успехот на оваа процедура потврдува дека новите пристапи и технологии можат значително да го подобрат квалитетот на животот на пациентите.