15 Јануари, 2025
0.0287

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Министерството за одбрана до Владата на САД доставило шест писма со барања преку кои се бара да се реализира набавка на воена опрема.

Ова го потврди заменик-министерката за одбрана, Елфет Исмаили на денешната седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност.

- Материјалот има за цел да ја информира Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието за потребата од набавување на воена опрема од Владата на САД преку прифаќање на писма на понуди. Фактички, Министерството за одбрана ја разгледа потребата за реформи во одбранбениот сектор. Со долгорочниот план за одбрана се трасира патот на реформите за одбрана и се нуди рамка за модернизација и опремување на Армијата на Република Северна Македонија за достигнување на една целосна усогласеност со членките партнери на НАТО, рече Исмаили.

Пратеникот Павле Арсоски како претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, ги извести членовите дека материјалот е со ознака „за ограничена употреба“ и дека седницата ќе се одржува зад затворени врати.

-Ова значи материјалот не е со степен на квалификација, но истиот не е дозволен за пристап и потребно е да се запази принципот - потребно е да знае согласно Законот за квалифицирани информации и Уредбата за административни работи на безбедносни квалифицирани информации и информации со ограничена употреба. Од тие причини, по излагањето на заменик-министерката за одбрана ќе ја затвориме Комисијата во тој дел и ќе продолжиме со прашања и коментари од страна на членовите на Комисијата, рече Арсоски.


Можеби ќе ве интересира

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос

Левица: Скандалозните и неделовнички изјави на Гаши, ја ставаат партијата на Мицкоски со 58 пратеници во потчинета положба

Левица: Скандалозните и неделовнички изјави на Гаши, ја ставаат партијата на Мицкоски со 58 пратеници во потчинета положба