Албанската платформа не е проблем за Европската комисија, за Коцијанчиќ се е кристално јасно
Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2017 14:33
Европската комисија (ЕК) не гледа проблем во т.н. албанска платформа што ја иницира премиерот на Албанија Еди Рама, давајќи им ја на партиите на Албанците во Македонија и која ги закочи преговорите за составување на нова Влада, јавил дописникот на МИА од Брисел.
На прашање за реакција на ЕК за вмешувањето на премиер на соседна држава во внатрешно-политичките односи во Република Македонија со наметнување на решенија кои уште повеќе ја подгреаја политичката криза во земјата, портпаролката на ЕК Маја Коцијанчич со одговор: – „Како што постојано говориме, ние не шпекулираме за составување на владата и програмата во ПЈР Македонија. Но, ние очекуваме, а тоа е случај од одржувањето на изборите, брзо формирање на нова влада, која ќе има широка политичка поддршка и која силно ќе биде посветена на европските реформи и на имплементирање на сите делови од договорот од Пржино и на Итните реформски приоритети. Ова е многу јасна позиција и ова е тоа што го очекуваме и кое со нетрпение го очекуваме“, изјавила Коцијанчич.
На реакцијата дали официјален Брисел поддржува вмешување на странски премиери во внатрешни работи на друга држава, Коцијанчич ја повтори истата изјава и заедно со главниот портпарол на Еврокомисијата, Маргаритис Схинас, констатираа дека „се е кристално јасно“.
Можеби ќе ве интересира
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги




