Албанскиот јазик ќе ги седне на маса СДСМ и Алијансата на Албанците
Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2017
Нацрт-законот за употреба на албанскиот јазик ќе ги седне на иста маса некаде околу 15 часот работните групи на опозициската СДСМ и Алијансата на Албанците .
Тројката која во име на СДСМ ќе преговара со ДУИ ја сочинуваат Шеќеринска, Спасовски и Дескоска, додека од Алијансата на Албанците ќе учествува Арбен Таравари и други членови од коалицијата.
Од Алијансата на Албанците неколкупати налгасија дека ќе ги дадат потписите на СДСМ за Зоран Заев да го земе мандатот за формирање на Влада, но тоа не значи дека ќе прифатат Влада со него.