24 Јануари, 2025
0.0264

„АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК НЕМА ДА СЕ ОСПОРУВА, МИЛИОНИТЕ НА ОЛИГАРСКИТЕ НА ДУИ ДА!“: Меџити вели јазикот е заштитен, но не и незаконското богатство

Објавено во: Македонија 09 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Бројните бурни реакции, но и одлуката да протестираат пред Уставниот суд „со цел заштита на албанскиот јазик“ на сега веќе опозициските членови на ДУИ предизвика бурни реакции во јавнсота.

На темата, предку социјалните мрежи во неколку наврати се огласи и поранешниот член на интегративците, кој извесен период не е дел од истата, но и е вицепремиер на Македонија, и е дел од сега актуелната владејачка гарнитура. 

Изгоре лончето, претече млекото!

Албанскиот јазик не се ризикува, незаконското богатство на корумпираната клика на ДУИ стекнато на грб на Албанците ДА!

Албанскиот јазик нема да се оспорува, милионите на олигарсите на ДУИ ДА!

Албанскиот јазик е заштитен, коцкарските пари на корумпираната клика на ДУИ НЕ!

За сите оние кои деновиве врескаа како избезумени за да ги исплашат Албанците и се закануваат со дестабилизација, имам еден одговор: ИЗГОРЕ ЛОНЧЕТО, ПРЕТЕЧЕ МЛЕКОТО!

Бидете спокојни! - напиша Меџити на Фејсбук. 


Меџити, кој беше долги години градоначалник на општина Чаир, и претходно се огласи на темата и ги уверуваше граѓаните дека не се чепка статусот на албанскиот јазик. 
Во изминатиот период, Владата работеше и продолжува да работи на надминување на предизвиците и на смирување на тензиите.

Во врска со Албанскиот јазик, ние сме на иста страна со сите Албанци. Никој не треба да има ниту најмала дилема во врска со ова! Стекнатите права не смее да се укинуваат или скратуваат. За ова гаранција сме ние, претставниците на граѓаните во институциите. Како Влада работиме на изнаоѓање на долгорочни решенија за создадените и наследените проблеми и затоа ги усогласуваме дејствувањата, ставовите и определбите со сите релевантни општествени актери и фактори.

Владата е во постојана координација и дејствување. Заедно со Собранието и останатите општествени дејци со внимание го следиме секој јавен настап, секое дејство, секоја акција и реакција. Како одговорни институции нема да дозволиме да се укине Законот за употреба на јазиците ниту пак да се наруши духот на соживотот гарантиран со Охридскиот договор.

Изразуваме поддршка за сите јавни иницијативи, било поединечни или колективни, чија што главна цел е да се заштити но и унапреди службената употреба на Албанскиот јазик. Дневните партиски препукувања се помалку битни од Албанскиот јазик.

Уште еднаш повикувам заеднички да го одржиме мирот и ладнокрвноста - нагласи Меџити. 

Фото: Принтскрин/Х

Можеби ќе ве интересира

Томовски: Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат, но не во барок стил

Томовски: Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат, но не во барок стил

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

Мицкоски се огласи, но не појасни: Суштината е мојата посета, а не поканата за инугурацијата на Трамп

Мицкоски се огласи, но не појасни: Суштината е мојата посета, а не поканата за инугурацијата на Трамп

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

Тримесечно бебе пронајдено починато

Тримесечно бебе пронајдено починато