16 Декември, 2025
0.0370

Албсиг ќе продава патничко осигурување преку интернет

Објавено во: Мои пари 11 Септември, 2014 14:04

Добивај вести на Viber

Друштвото за осигурување АЛБСИГ АД Скопје почна со продажба на полиси за патничко здравствено осигурување преку интернет. Преку Е-продавницата на оваа компанија (www.albsig.com.mk ), со помош на компјутер, ќе може да се купи осигурување во секое време, да се плати со кредитна/дебитна картичка и да се добие полисата по електронски пат на е-маил адресата на купувачот. При постапката може да се избере еден од трите пакети за патничко осигурување на АЛБСИГ АД, во зависност од осигурителното покритие, кои важат за патувања низ цел свет. АЛБСИГ АД е втората осигурителна компанија во Македонија која воведе електронска продажба на полиси, таргетирајќи ги клиентите кои сакаат по најбрз пат и во секое време да обезбедат услуга или производ, користејќи го својот компјутер. Во Македонија секојдневно расте бројот на веб-страници кои нудат продажба на различни артикли преку интернет, а постојано се зголемува и бројот на on-line услуги на институциите. Но засега се смета дека ни оддалеку не е достигнато нивото на електронска продажба како во развиените земји од светот. Во Европа, електронската продажба расте со најголема стапка. Се смета дека во 2014 вкупната вредност на е-продажбата во Британија, Германија, Франција, Шведска, Холандија, Италија, Полска и Шпанија ќе достигне износ од 155,3 милијарди евра. Во САД, пак, шопингот преку компјутер годинава се очекува да достигне вредност од 224 милијарди евра. Статистиката покажува дека во развиентите земји, тројца од четворица корисници на компјутери купуваат он-лајн.    

Можеби ќе ве интересира

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави