Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Објавено во: Мои пари 16 Декември, 2025 09:23
Секоја година, повеќе од половина милион граѓани во земјата добиваат зелени пликови – годишни извештаи за состојбата на нивната пензиска заштеда. Овие извештаи, кои ги испраќаат пензиските друштва под надзор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), претставуваат еден од најважните инструменти за транспарентност во пензискиот систем.
Зелениот плик е дел од поширокиот процес на информирање и едукација на осигурениците во вториот и третиот пензиски столб. Тој содржи два документи – извештај за акумулираната пензиска заштеда и извештај за инвестициското портфолио на избраното пензиско друштво. Заедно, тие нудат детални информации за движењата на средствата во текот на годината, остварениот принос и начинот на инвестирање на средствата на сите членови.
Во основа, годишниот извештај што пристигнува во зелениот плик ги обединува сите податоци поврзани со индивидуалната пензиска сметка на членот:
· вкупниот износ на заштеда од изминатата година со состојба на 31 декември,
· бројот и вредноста на сметководствените единици,
· сите уплати и исплати во текот на годината,
· деталите за приносот и наплатените надоместоци.

Со овие податоци, секој осигуреник може да има целосен увид во тоа како се движат неговите пензиски средства и какви резултати остварува фондот во кој е член.
Еден од клучните елементи на извештајот е формулата со која се пресметува состојбата на сметката: вкупен износ = број на сметководствени единици × вредност на сметководствената единица.
Овој показател им овозможува на членовите да разберат дека нивната заштеда не стои статично, туку се менува во согласност со пазарните движења и со новите уплати кои редовно пристигнуваат во фондот.
Детален преглед на инвестиции
Вториот документ во зелениот плик, информаторот за управувањето со пензискиот фонд, овозможува увид во тоа каде и како се инвестираат средствата. Во него се прикажани податоци за вложувањата во обврзници, акции, депозити и други финансиски инструменти, процентуалното учество на секој тип на инвестиција во вкупното инвестициско портфолио, како и вкупната вредност на имотот на фондот на крајот на годината.
Овој извештај вклучува и графички прикази на структурата на портфолиото и на приносот, што ја потврдува транспарентноста во управувањето со средствата на членовите.

Форматот и содржината на извештаите се унифицирани за сите пензиски друштва, со цел да се обезбеди јасност и споредливост на информациите. Документите се визуелно структуриран и јасни, со графички прикази кои го олеснуваат следењето на движењето на средствата во претходните години.
Испраќањето на зелените пликови е масовна годишна операција која опфаќа членови на задолжителните и доброволните пензиски фондови. Тоа е воедно и потсетник дека пензиските друштва редовно ја извршуваат својата законска обврска за информирање, со што се гради доверба и се зајакнува транспарентноста во системот.
Во суштина, зелениот плик е доказ за отчетност и професионално управување со средствата што ќе бидат дел од идната пензија. Тој ги потсетува граѓаните дека секоја уплата, секоја сметководствена единица и секоја промена во вредноста на фондот има значење за нивната финансиска сигурност по пензионирањето.
Повеќе детали за тоа како се чита годишниот извештај и кои информации може да се најдат во зелениот плик, пензиските друштва објаснуваат во едукативен блог на penzija.mk.
Редовно ажурирање на податоците
Пензиските друштва потсетуваат дека за навремено и точно доставување на годишните извештаи, неопходно е членовите редовно да ги ажурираат своите контакт податоци. Тоа може да се направи преку онлајн пристап до личната сметка, по телефон, по пошта или со посета на пензиските друштва.
Уште еден важен апел од друштвата е изборот за добивање на зелениот плик онлајн, на лична e-mail адреса, што овозможува побрза, посигурна и побезбедна достава на податоците за личната пензиска заштеда на членовите.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави




