15 Јуни, 2025
0.0285

„АЛКАЛОИД“ ЧЕКОР ПОНАПРЕД КОН ЦЕЛОСНА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА

Објавено во: Мои пари 19 Септември, 2024 13:31

Добивај вести на Viber

Компанијата започна со имплементирање на софтверската платформа AlkaLIMS, која има цел да изврши целосна интеграција на сите лабораториски процеси во компанијата, централизирано управување со податоците и со процесите, нивна следливост поврзана со контрола на производите, регулаторна усогласеност и стимулација за континуирано подобрување.

„Алкалоид“ започна процес на целосна интеграција на сите свои лабораториски процеси во рамките на сегментот ПЦ Фармација, преку имплементирање на современата софтверска платформа AlkaLIMS (Laboratory Information Management System). Спроведувањето на овој нов проект значи интегрирање на сите лабораториски процеси, вклучувајќи ја секоја процесна фаза – од земање примерок до издавање сертификат за анализа на производ во рамките на една дигитална платформа.

AlkaLIMS како софтверско решение се имплементира со цел значително унапредување на повеќе аспекти од лабораториското работење во рамките на Контрола на квалитет, Истражување и развој и Технички опeрации за произвoдство, меѓу кои: зголемување на ефикасноста и на продуктивноста; унапредување на регулаторната усогласеност, на можностите за обезбедување интегритет и следливост на податоците и на процесите поврзани со контрола на производите; централизирано управување со податоци; интеграција на севкупната аналитичка опрема во една платформа; намалување на оперативните трошоци и стимулација на процесите за континуирано подобрување.

Како напредно и отворено софтверско решение, AlkaLIMS нуди можност за тековно надградување со нови модули, во согласност со потребите на компанијата. Партнерска компанија на „Алкалоид“ во овој проект е светски реномираната корпорација LabWare од Соединетите Американски Држави. 

AlkaLIMS е од стратешко значење во Профитниот центар Фармација, но и значајна референција во амбициозната агенда на „Алкалоид“ за целосна дигитална трансформација. Kако глобална и иновативна компанија, „Алкалоид“ континуирано ги следи светските достигнувања во развојот на фармацевтската индустрија, а приспособливоста и искористувањето на иновативните технологии се важен императив во насока на унапредување и на усовршување на сите аспекти во работењето..

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

Драги типстери, време е за поени и награди!!!

Драги типстери, време е за поени и награди!!!

„Како до здрави навики“ – нов водич за поздрав живот промовиран од Здружението на лекари специјализанти

„Како до здрави навики“ – нов водич за поздрав живот промовиран од Здружението на лекари специјализанти

„Аџибадем Систина“ домаќин на трката „Croatia osiguruvanje business run 5K 2025

„Аџибадем Систина“ домаќин на трката „Croatia osiguruvanje business run 5K 2025

Од канцеларија до кеј – компаниите покажаа спортски дух во Скопје Croatia Osiguruvanje Business Run 5K

Од канцеларија до кеј – компаниите покажаа спортски дух во Скопје Croatia Osiguruvanje Business Run 5K

СТЦ Белград и СТЦ Сараево - Мост за зајакнување на регионалната економска соработка

СТЦ Белград и СТЦ Сараево - Мост за зајакнување на регионалната економска соработка

Имлек Крем за готвење за совршено вкусни јадења

Имлек Крем за готвење за совршено вкусни јадења

Генерално собрание на CEFA 2025 во Солун: Ново раководство, стратешка визија и ново поглавје по повод 30-годишнината на CEFA

Генерално собрание на CEFA 2025 во Солун: Ново раководство, стратешка визија и ново поглавје по повод 30-годишнината на CEFA

Ново поглавје за Флекс Кредит – пристигнавме и во Црна Гора!

Ново поглавје за Флекс Кредит – пристигнавме и во Црна Гора!

Не ги одложувајте плановите: Обезбедете до 1.000.000 денари уште денес – Минт Промо Потрошувачки кредит

Не ги одложувајте плановите: Обезбедете до 1.000.000 денари уште денес – Минт Промо Потрошувачки кредит