Добивај вести на Viber
Фармацевтската компанија Алкалоид минатата година ја заврши со позитивни финансиски резултати проследени со раст на приходите и намалена добивка.
Според финансискиот извештај за работењето на компанијата во 2012 година, објавен на Македонската берза, вкупните консолидирани приходи од продажба во 2012 година изнесуваат 6,78 милијарди денари или 110 милиони евра, што е за 1% раст споредено со претходната година.
При тоа приходите од продажба на домашен пазар кои учествуваат со 42% во вкупните продажби на компанијата пораснале за 3% на вкупно 47 милиони евра, додека продажбата на странски пазар која учествува со 58% се намалила за 1% на вкупно 63,7 милиони евра.
Фармацевтската компанија 2012 година ја заврши со вкупна нето добивка од 9,5 милиони евра, што е намалување за 5% споредено со добивката остварена во 2011 година.
Од компанијата известуваат дека во 2012 година во Алкалоид се реализирани 79 нови вработувања во Македонија.