15 Декември, 2025
0.0283

ПОЛИТИЧАРИ ВО НАДЗОРНИ ОДБОРИ НА КОМПАНИИ: Кадиевска - Војновиќ од ВМРО-ДПМНЕ „ќе го контролира“ КИБС

Објавено во: Економија 10 Јануари, 2024 07:50

Добивај вести на Viber

Маја Кадиевска - Војновиќ, која е дел од Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ, е назначена за член на Надзорниот одбор на операторот на платниот систем КИБС (Клириншки интербанкарски системи АД Скопје).

Кадиевска - Војновиќ е професорка на „Американ колеџ“ и поранешна вицегувернерка на Народна банка, важи за редовен и гласен критичар на актуелната власт, а во ИО на КИБС доаѓа на местото на Весна Дацева.

Најпознат досегашен пример во кој политичар на голема партија прифаќа да биде член на Надзорен одбор во некоја влијателна компанија е генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ. Тој со доаѓањето на новата власт стана член на ИО на Стопанска банка - Битола. Лани во август поднесе оставка од лични причини, односно јавноста беше известена дека тоа го направил поради поголемите политички ангажмани.

Клириншка куќа КИБС е компанија која е многу значајна за финансискиот промет во земјата, бидејќи основна дејност и е порамнувања на меѓубанкарските плаќања. Во оваа фирма чие седиште е во Скопје, просечната нето плата одамна е над 1.000 евра месечно.

Официјалните податоци за оваа компанија, чија основна дејност е да ги порамнува трансакциите меѓу деловните банки во земјава, покажуваат дека во 2022 приходите изнесувале 310 милиони денари, а во ова друштво поголемиот дел од трошоците се користат за исплата на плати. Главна дејност на КИБС се интербанкарските порамнувања и заради тоа основен извор на приходи се провизиите и надоместоците. 

КИБС е основан во 2001 година, во текот на реформата на платниот систем во Македонија кога деловните банки ја основаа Клириншката куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје(КИБС) како акционерско друштво. Настана со реформата на платниот промет и трансформацијата на тогашниот ЗПП – Завод за платен промет, како потреба да се создаде институција којашто ќе врши обработка, клиринг и порамнување на малите меѓубанкарски трансакции. 

КИБС е сопственик и на Единствен регистар на трансакциски сметки (ЕРТС), кој стана предмет на законско регулирање со решение на Министерството за финансии. Кон крајот на 2008 година КИБС го формираше и Македонското кредитно биро (МКБ) како независна компанија со база на податоци на обврските на правните и физичките лица со цел да им дава информации на банките и финансиските друштва за нивната задолженост и редовноста во подмирувањето на обврските. Освен клирингот, КИБС ги издава и дигиталните сертификати.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден