ИЗМЕНИ ВО УПРАВНИОТ ОДБОР НА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - поранешната вицегувернерка ќе стане нов член
Објавено во: Економија 11 Ноември, 2025 15:29
Кадиевска Војновиќ доаѓа на местото на Даниела Ѓоршевска која пак поднела писмена оставка од функцијата.
За промените кои се планираат банката известува преку Македонска берза согласно правилата за котација.
- Врз основа на член 33 од Правилата за котација на Македонска берза за хартии од вредност АД Скопје, Стопанска банка а.д. Битола известува дека на ден 5.11.2025 година, членот на Управниот одбор, г-ѓа м-р Даниела Ѓоршевска поднесе писмена оставка од функцијата член на Управниот одбор на Банката.
Воедно, Стопанска банка а.д. Битола известува дека Надзорниот одбор на банката со одлука донесена на 25. седница, одржана на 10.11.2025 година, ја именуваше г-ѓа м-р Маја Кадиевска Војновиќ за нов член на Управниот одбор на банката, која одлука ќе влезе во сила по добивање согласност од страна на Извршниот одбор на Народната банка на Република Северна Македонија за предложеното лице за член на Управен одбор на Банката - се посочува во објавата на Македонска берза.
Сепак, до добивањето на согласност од страна на Извршниот одбор на Народната банка на Република Северна Македонија за предложеното лице за член на Управен одбор на Банката, м-р Даниела Ѓоршевска ќе продолжи да ја извршува својата функција како член на Управниот одбор на Банката.
Маја Кадиевска Војновиќ, беше дел од Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ, на почетокот на минатата година пак беше назначена за член на Надзорниот одбор на операторот на платниот систем КИБС (Клириншки интербанкарски системи АД Скопје).
Можеби ќе ве интересира
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност
Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември




