АЛТЕРНАТИВА ВЕЧЕРВА ГО КРОИ СПИСОКОТ - кој ќе стане министер, кој заменик, а кој директор
Објавено во: Македонија 18 Декември, 2021
Денеска одржува состанок Централното претседателство на Алтернатива. На него ќе се знае дали Баким Сали ќе ја добие министерската фотелја во ресорот за здравство и кој од останатите кадри на Алтернатива ќе ги раководат договорените заменички и директорски функции.
Како што е познато, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, предложи лидерот на Алтернатива Африм Гаши да биде мандатар на идна техничка Влада. Алтернатива го одби предлогот со образложение дека во тек е друг процес, однсоно дека остануваат на договореното со Заев. Алтернатива треба денеска ќе ги изберат идните функционери во реконструираната Влада, а во вторник да ги назначат на договорените позиции.
Алтернатива се избори за повеќе функции во владата, што пак предизвика голем револт кај помалите партнери во власта.