Американски крајнодесничарски екстремисти планираат напади со дронови?
Објавено во: Свет 01 Септември, 2025 10:17
Американски крајнодесничарски екстремисти отворено разговараат за употреба на своерачно изработени дронови како стратешко оружје во потенцијална „втора граѓанска војна“ против владата на САД, објави британскиот весник „Гардијан“.
Според експерти, инспирирани од современите војни, екстремистите гледаат на дроновите со функција за набљудување во реално време (FPV дронови) како клучно средство за напади.

Во јавни и доверливи онлајн простори, овие групи дискутираат како евтините дронови ја револуционизираат војната и би можеле да бидат употребени во идни конфликти. Примери за ваква употреба доаѓаат од војната меѓу Русија и Украина, терористичките групи како „Исламска држава“ и нарко-картелите.
Џошуа Фишер-Бирч, аналитичар кој речиси една деценија ги следи крајнодесничарските екстремисти, посочи на случај со неонацист од Нешвил кој планирал да бомбардира електрана со дрон, но бил спречен од полицијата. Тој додаде дека екстремистите учат од начинот на кој криминалните групи ги користат дроновите како „мултипликатор на сила“ против владините сили.
„Гардијан“ наведува дека ФБИ изразува сериозна загриженост за неонацистички секти и други насилни крајнодесничарски групи кои размислуваат за употреба на FPV дронови за напади во САД. Екстремистите регрутираат лица со воена обука за да ги пренесат своите вештини, а војната со дронови се смета за стратешки важна техника.
ФБИ одби да коментира за „Гардијан“.
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави




