21 Ноември, 2024
0.0276

Американски професор објасни кои се спорните точки од решението за Косово

Објавено во: Балкан 25 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Европа нуди решение за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово. 

Американскиот професор Даниел Сервер објасни дека најновата верзија на германско-францускиот план за нормализација на односите меѓу Косово и Србија е чекор во вистинска насока доколку целосно се спроведе, но вели има и некои сомнителни дополнувања и отсуство на важни елементи.

Професорот на универзитетот „Џонс Хопкинс”, на блог објави дека во најновата верзија на планот до кој имал пристап има малку повеќе детали за уредувањето на српската заедница во Косово од претходно и дека не се спомнува признавањето на Косово од петте земји на ЕУ, ниту пак прашањето за реципроцитет на албанската заедница во Србија.

Заштита на статусот на српската црква на Косово 

За српската заедница во Косово, пишува Сервер, се зборува во членот 7 во кој се вели дека Косово и Србија „заемно се посветени на постигнување конкретни аранжмани, во согласност со релевантните инструменти на Советот на Европа и користење на постоечките европски искуства”, со цел да се обезбеди соодветно ниво на самоуправа за српската заедница во Косово и можност за обезбедување услуги на Косово.

Во тој напис, пренесува Сервер, се споменува можноста за финансиска помош од Србија и директни канали за комуникација меѓу српската заедница и Владата на Косово и оти „страните ќе го официјализираат статусот на Српската православна црква на Косово и ќе обезбедат висок ниво на заштита на српското верско и културно наследство во согласност со постоечките европски модели”.

Но, Србите веќе се застапени во Парламентот и во министерствата?

Не се споменува, додава авторот, косовскиот Устав како основа за „конкретни аранжмани” и не е потребен реципроцитет за албанската заедница во Србија.

Исто така, не е јасно кои услови би ја регулирале „можноста за финансиска помош за Србија”, ниту што значат „директни канали на комуникација” со Владата на Косово, вели Сервер и додава дека веќе постои Совет на заедниците што обезбедува таква комуникација со претседателот на Косово, како и застапеност на Србите и другите заедници во Парламентот и министерствата.

Црковниот имот во Дечани не се спомнува

Што се однесува до Црквата, во француско-германскиот предлог не се споменува долгорочното прашање околу имотот на манастирот Дечани, пишува Сервер и додава дека тоа треба да се однесува на спроведувањето на соодветната одлука на Уставниот суд на Косово.

Петте земји нема да мораат да го признаваат Косово

Според Сервер, во планот нема очигледна референца за признавање на Косово од петте членки на ЕУ кои не го признаваат.

„Можеби тоа не мора да го има во текстот, но би требало да се случи за да се убеди Косово дека нормализацијата е реална”, оценува Сервер и додава дека и со тие пет признавања овој договор не би се доближил до Основиот германско-германски договор, што е користен како урнек и што подразбираше дека и Сојузна Реублика Германија и Демократска Република Германија стануваат членки на Обединетите нации.

„Таква можност овде нема, бидејќи Русија би побарала неприфатлива цена”, посочува Сервер.

Полесно е да се притисне Косово отколку Србија

Тој наведува дека се потребни напори на овој фронт бидејќи сите треба да бидат убедени дека е дојдено време да се откажат од своето противење на европската перспектива за Косово и оти ќе мора да се вклучат и Вашингтон и главните градови на ЕУ, а не само Лајчак.

„Тие, исто така, ќе мора да извршат притисок и врз Белград и врз Приштина да ги направат потребните компромиси. Притисокот врз Косово одамна е очигледен. Релативно лесно е да се изврши притисок врз земја која нема друга опција освен да влезе во НАТО и ЕУ. Притисокот врз Србија е далеку помал”, пишува Сервер, наведувајќи дека Вучиќ одиграл успешна игра, балансирајќи меѓу Русија и Кина од една страна и ЕУ и САД од друга, но дека играта можеби сега е завршена.

Нема договор, нема заеми за Србија

Европејците ѝ поставија на Србија тежок ултиматум, чија специфична содржина е неизвесна, но лесно замислива – со закани за прекин на преговорите со ЕУ, укинување на фондовите за поддршка на ЕУ (кои Србија ги добива како кандидат), повторно воведување визи. обесхрабрување на инвеститорите од ЕУ, до можни дополнителни финансиски санкции (да речеме, недостапност на краткорочни комерцијални заеми) забрана за долгорочно кредитирање од страна на европските банки, ЕБОР и евентуално Светската банка и ММФ, и на крајот елементите на вистинско ембарго и можеби конфискација на имот.

Нешто се придвижува во Србија

Потсетувајќи на обраќањето на српскиот претседател, Александар Вучиќ, во понеделникот за француско-германскиот план за Косово и за последиците од негово неприфаќање, Сервер оценува дека нешто почнува да се движи и оти обраќањето на Вучиќ е првиот јасен чекор во подготовката на теренот за договор со Косово.

„Сепак, сè уште не е јасно дали притисокот ќе биде доволен. Ќе треба да почекаме и да видиме”, заклучува авторот.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека европските земји поставиле ултиматум. Наведе дека Србија ќе трпи сериозни последици ако не го прифати предлогот. 

Пратеник во хрватскиот парламент, Маријан Павличек, изјави дека од октомври 2022 година, многу хрватски граѓани, кои се и државјани на Србија, ќе добиваат повици за регрутација во врска со евентуална мобилизација на српската војска во случај на војна во Косово.

фото Твитер принтскрин

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СРПСКО МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА: Полицијата на Курти ја мина границата

СРПСКО МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА: Полицијата на Курти ја мина границата

ОСМАНИ СЕ ЗАКАНИ: Секое загрозување на правата на Албанците во Македонија ќе наиде на единство на Албанците од цел Балкан

ОСМАНИ СЕ ЗАКАНИ: Секое загрозување на правата на Албанците во Македонија ќе наиде на единство на Албанците од цел Балкан

ПО НЕСРЕЌАТА ВО НОВИ САД - уапсени 11 лица поради падот на настрешницата на железничката станица

ПО НЕСРЕЌАТА ВО НОВИ САД - уапсени 11 лица поради падот на настрешницата на железничката станица

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто

„МАЛКУМИНА ГО ЗНААТ ПУТИН КАКО ШТО ГО ПОЗНАВАМ ЈАС – НЕМА ДА СЕ ДВОУМИ“: Вучиќ со став дека Србија мора добро да се спреми

„МАЛКУМИНА ГО ЗНААТ ПУТИН КАКО ШТО ГО ПОЗНАВАМ ЈАС – НЕМА ДА СЕ ДВОУМИ“: Вучиќ со став дека Србија мора добро да се спреми

РЕГИОНАЛНИТЕ МЕДИУМИ ПИШУВААТ ЗА ШЕКЕРИНСКА: Еве која е таа

РЕГИОНАЛНИТЕ МЕДИУМИ ПИШУВААТ ЗА ШЕКЕРИНСКА: Еве која е таа

ВУЧИЌ ЗА ПУТИН: Ако е загрозена безбедноста на Москва, тој нема да се двоуми и ќе употреби нуклеарно оружје

ВУЧИЌ ЗА ПУТИН: Ако е загрозена безбедноста на Москва, тој нема да се двоуми и ќе употреби нуклеарно оружје

НЕЗАДОВОЛСТВО ВО БУГАРИЈА: Руте избра Македонка пред Марија Габриел за заменик шеф на НАТО

НЕЗАДОВОЛСТВО ВО БУГАРИЈА: Руте избра Македонка пред Марија Габриел за заменик шеф на НАТО

ДЕСЕТ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: Сараево е на третото место

ДЕСЕТ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: Сараево е на третото место