16 Декември, 2025
0.1483

„Амфора“ и „Пелистерка“ спремаат историски подвиг-Ќе се изнурка цело Охридско езеро

Објавено во: Мои пари 25 Февруари, 2015 12:23

Добивај вести на Viber

Интернационалниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски – Мичо, од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид, овој викенд, заедно со „Пелистерка“, започнува авантура во која тој со тим нуркачи, ќе го изнурка Охридското езеро во целата негова должина во текот на наредните три месеци.

Ова е првпат ваков историски зафат да биде изведен во Европа. Секулоски и неговиот тим ќе го пренуркаат најголемото езеро во земјава (како од неговата македонска, така и од албанската страна) на длабочина од пет до 15 метри во должина од 80 километри и 322 метри.

„Ова е вистински подвиг кој освен што ќе биде прв од ваков вид во Европа и пошироко, ќе придонесе на многу полиња во етаблирањето на Охридското езеро како културно и археолошко богатство на Македонија“ – изјави Секуловски.

Има низа причини за реализација на овој проект во Охридското езеро: да се осознае повеќе за живиот свет, да се откријат нови археолошки локалитети и предмети што претставуваат културно наследство, да се даде потполна слика за состојбата на оваа водена површина од еколошки аспект, но и да се претстават убавините на ова езеро како неодминлив дел за развојот на туризам.

„Нашата компанија со големо задоволство застана целосно во поддршка на овој потфат. Како и секогаш, остануваме доследни на нашата заложба да бидеме бренд што ќе се залага за воспоставување и промовирање на вистинските квалитети и одлични идеи во Македонија“ – велат од Пелистерка.

Секулоски е носител на највисоката категорија во светот на нуркањето, со искуство од 30 години и реализирани над 8.000 нуркања. Целата авантура е спонзорирана од „Пелистерка“.

Можеби ќе ве интересира

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави