26 Април, 2024
0.0266

АНАЛИЗА: Кој колку дава и добива од мерките за вработување на млади лица?

Објавено во: Економија 06 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Од 2014 година до сега, преку мерката за вработување на млади лица до 29 години, во земјава се вработиле 11 261 лици. Истражувањето “Субвенционирано вработување на невработени млади лица до 29 години преку ослободување од придонеси“ покажа дека вкупниот ефект ( до 2020 година)  од ваквата мерка за економијата изнесува 7,6 милиони евра. Анализата која е во рамки на проектот FISCAST, Градење капацитет и алатки за фискална одговорност, одржливост и транспарентност во Македонија, спроведен од Finance Think, покажува дека државата иако од буџетот ги финасира вработувањата, таа на крајот од мерката не е губитник. Од друга страна, копaниите иако добиваат поволности, за период од шест години, само по основ на оваа мерка би имале трошок од 158 милиони евра. Кој колку дава и добива од моделот на субвенционирани вработувања на млади до 29 години. Што нуди моделот на вработување на млади до 29 години.. Од март 2014 година Владата ја објави мерката за вработување на лица до 29 години – точно таргетирана категорија на малди но невработени луѓе кои во отстство на перспектива и оптмизам, се потенцијални “исселеници“. Оваа мерка, која практично стана дел и од Оперативниот план за вработување на Агенцијата за вработување, а сега и дел од прокетот “Македонија вработува“ до сега ефектуираше 11 261 вработување. Атрактивноста на овој модел за поттикнување на вработеноста се содржи во ослободувањата за давачки кон државата и тоа по основ на придонеси за пензиско и здравствено осигурувања и придонес за здравствено осигурување во случај на повреда или професионално заболување и придонес за задолжително осигурување во случај на невработеност.  Овие давачки пракично паѓаат на товар на Буџетот, кој ги алиментира давачките во период од една година, Ослободувањето се однесува на следните придонеси од задолжително социјално осигурување:
  • -придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување, стапка од 18%
  • -придонес за задолжително здравствено осигурување, стапка од 7,3%
  • -придонес за задолжително здравствено осигурување за случај  на повреда на работа и професионално заболување, стапка од 0,5%
  • -придонес за задолжително осигурување  во случај на невработеност, стапка од 1,2%.
Извор:Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување “Збирната стапка на придонесите од задолжително социјално осигурување која се пресметува и задржува од бруто платата како основица изнесува 27%“, се посочува во истражувањето.   Според анализата, максималниот месечен износ на придонеси од плата по вработен изнесува 8 458 денари додека минималниот износ што може да падне на товар на државата е 4 272 денари. Оперативниот план за вработување, со кој се опфатени моделоите на директна помош и поддршка на различни видови на вработувања и самовработувања,  за годинава тежи 11,5 милиони евра и треба да опфати 13 500 луѓе. Вработувања на товар на Буџетот, кои се ефектите … За државата трошок од 13,2 милиони евра за период од 2014 до 2017 година. Анализата покажуав дека Владата се исложува на трошок за финансирање на социјалните придонеси, нопарите повторно од државна завршуваа во фондовските каси. “Вкупните трошоци на Буџетот за реализација на мерката за Субвенционирано вработување на млади до 29 години во периодот 2014-2017 година изнесуваат 812.528.476 денари (13,2 милиони евра). Средствата не се трајно изгубени туку се трасферирани во Фондови-те за социјално осигурување и претставуваат директна заштеда за компаниите кои вработиле млади луѓе до 29 години. Во истиот период компаниите имале трошок за исплатените нето плати, кои пак претставуваат приход за секој работник одделно“, се нотира во анализата. [caption id="attachment_83559" align="aligncenter" width="456"]mladi_studenti_shutter Сумирано, истражувањето покажува дека за седум години вкупниот ефектт од оваа мерка изнесува 7,6 милиони евра.[/caption] Ова според економистот Павле Гацов покажувa дека државата, во овј концепт за субвенционирање на вработувањата, на крајот нема ниту загуба ниту добивка. “Оваа мерка најпрво се потпира навладина политика за субвенционирање, ова значи дека државата, преку Буџетот директно учествува со поддршка. Но ако се навлезе длабински, парите што државата ги плаќа за придоенсите практично завшуваат во касите, повтрно на државните институции, што значи дека се става од лев во десен џеб, во ист кош. Сумираните податоци, трошокот и бенефитот на државата, на крајот упатуваат на тоа дека за неа ефектот е нула“ – вели Гацов. За приватниот секотор пак, истражувањето покажа дека вкупениот трошок ќе изнесува  158,5 милиони евра во период од 2014 д 2020 година, до кога практично ќе имаат закоснка обврска да ги задржат вработените по основ на оваа мерка. Во периодот од 2014 година до 2017 година, според анализата фирмите што вработелие оваа категорија на граѓани имаа бенефит по основ на ослободувањата за давачки, односно заштеда на придонеси и персонален данок на доход  во вкупна вредност од 13,2 милиони евра. “Освен за придонесите, работодавачот кој ќе вработи работник на неопределено време над бројот на вработените на неопределено време на денот на вработувањето на нови работници, се ослободува од плаќање на персоналниот данок од доход за нововработените работници за време од три години. За остварување на ова право, нововработените работници мора да биле евидентирани како невработени лица во Агенцијата најмалку една година. Ако работодавачот го намали бројот на работниците вработени на неопределено време на денот на вработувањето на нови работници, го губи ослободувањето и е должен  да го плати персоналниот данок од доход за времето за кое го користел правото на ослободување“, се нотира во истражувањето на “Financethink“. Сумирано, истражувањето покажува дека за седум години вкупниот ефект од оваа мерка изнесува 7,6 милиони евра. “Сумирано, мерката е позитивна со ефект врз економиајта од 7,6 милиони евра. Но перспективно треба да се размислува како да се зголемат примањата што се даваат на вработените до ниво блиско до републичниот просек, би рекол и на ниво од просечната плата во земјава“, вели економскиот аналитичар Павле Гацов, лидер на истражувачкио тим кој е автор на анализата “’Субвенционирано вработување на невработени млади лица до 29 години преку ослободување од придонеси“. [caption id="attachment_24148" align="aligncenter" width="659"]mladi Во даден момент државата помага да се зголеми варботеноста, односно намали невработеноста, но ефектите од ваквите решенија се на краток и среден рок[/caption] Еден од крајните ефекти врз вкупната економија од оваа мерка се и платите на вработените кои ја поттикнуваат јавната потрошувачка. Инаку, од 2007 година, кога се спроведуваат мерките за стимулурање на вработувања, преку државна помош како грант или кредит, вработени се повеќе од 40 000 луѓе. Според податоците од Агенцијата за вработување, стапката на смртност кај новоотворените бизниси, како дел од овие мерки, изнесува 13 % и се смета дека е на ниво на нефункционалните кредити во банкарскиот сектор. Мерки за вработување – одржлив модел или инфузија ... Мерката за стимулирање на вработувањето кај младите лица дава резултати, но таа треба да се надгради и подобри, се заклучува во кост-бефеит анализата. “Субвенционирањето на придонесите да не се врзува со најниската основица за пресметува-ње на социјалните придонеси, туку за републичкиот просек на плати. Да се обезбеди механизам за исплата на повисоки плати на младите луѓе и контрола на примената на терен“, се нотира во анализата и додава дека надлежните институции треба да спроведуваат анкетирање кај вработените млади луѓе но и меѓу компаниите и на таков начин да се сумираат нивните перпораки за тоа како да се отстранат недостатоците а да се унапредат позитивните ефекти од ваквите мерки кои се диретно поддржани со буџетски пари“, заклучуваат авторите на истражувањето “Субвенционирано вработување на невработени млади лица до 29 години преку ослободување од придонеси“. Според Гацов, овие модели за поддршка на вработувањата се позитивни, но мора да се размислува на одржливи решенија. “Клучно прашање е дали ваквата мерка е само како “инфузија“, со ефекти на краток и среден рок. Впрочем инфузијата може да помогне во даден момент но не може да биде долгорочно решение. Во даден момент државата помага да се зголеми варботеноста, односно намали невработеноста, но ефектите од ваквите решенија се на краток и среден рок, што значи дека треба и мора да се размислува на долгорочни и одржливи модели“, вели Гацов. Мерката за вработување на млади лица до 29 години треба да ја намали невработеноста кај оваа работоспособна кетегорија на граѓани, да го амортизира одливот во странство, односно да ги задржи  младите во земјата на начин што ќе добијат можност да го подобрат својот стандард и куповната моќ. Во големата слика, ваквите мерки на државно субвенционирање треба да влијаат и врз намалување на сивата економија и стапката на криминал. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија