06 Октомври, 2024
0.0278

АНАЛИЗА НА АЛБАНСКИТЕ МЕДИУМИ: Убиството на Вања и на Лиридона „ужас потпомогнат од најблиските за интерес“

Објавено во: Македонија 04 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Албански медиуми ги споредуваат убиството на Вања и убиството на косовката Лиридона како „ужас потпомогнат од најблиските за интерес“.

Албанските медиуми, како и другите во регионот, информираа за случувањата околу исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, која е убиена. 

„Ужас предизвикан од најблиските“, медиумите ги нарекуваат двете убиства што деновиве ја разбрануваа пошироката јавност во регионот, тоа на Лиридона Адемај (32), од Косово, мајка на две деца, чие убиство го нарачал нејзиниот сопруг за 30 илјади евра и која беше егзекутрана пред очите на децата, а во присуство на сопругот, со цел да добие милионски износ на средства од осигурувањето. И за случајот со Вања „никаков паричен интерес не може да го оправда однесувањето на таткото“, пишуваат албанските медуми.

„Исчезнатото девојче во Скопје пронајдено мртво“, „Во грозоморниот чин вмешан и таткото“, „Настан кој ја вознемири јавноста во поширокиот регион заврши трагично“ се дел од насловите на информациите кои ги пренесуваат медиуми.

„Настанот што ја шокираше јавноста во Северна Македонија и пошироко, доби завршница од која многумина стравуваа. Сомнежите на полицијата товари повеќе од 5 лица, од кои тројца веќе се во притвор. Скопското обвинителство соопшти дека на распит е и таткото на убиеното девојче, чија смрт е трагедија за семејството, но и нејзините соученици и сите граѓани“, наведува Топ чанел.

Медиумите ги пренесуваат и изјавите на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, при тоа оценувајќи дека полицијата покажала висока ефикасност во расветлувањето на случајот.

И српските медиуми посветија големо внимание на случајот. 

Можеби ќе ве интересира

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“

МАЛИЌИ СТАНА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МЕКСИКО: Во Скопје е отворен конзулатот за зајакнување на односите меѓу Мексико и Македонија

МАЛИЌИ СТАНА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МЕКСИКО: Во Скопје е отворен конзулатот за зајакнување на односите меѓу Мексико и Македонија

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ДЕВЕ БАИР: Инвестиција од 1,6 милиони евра за граничниот премин со Бугарија

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ДЕВЕ БАИР: Инвестиција од 1,6 милиони евра за граничниот премин со Бугарија

СТИГНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ЗА ЛИБАН: Обединетите Арапски Емирати доставија 40 тони лекови и други материјали

СТИГНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ЗА ЛИБАН: Обединетите Арапски Емирати доставија 40 тони лекови и други материјали