15 Јануари, 2025
0.0243

Андоновски: Неколку ревизорски извештаи укажуваат на сериозни пропусти во управувањето со дигитализацијата од претходната Влада

Објавено во: Македонија 19 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Владата се бори со корупција во секоја област, која негативно влијае врз развојот на државата. Ова го истакна синоќа министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во телевизиско гостување. 

- Работиме на дигитално поврзување на податоците меѓу институциите, што ќе ја зголеми транспарентноста и ќе помогне во спречувањето на корупцијата. Наодите од неколку ревизорски извештаи укажуваат на сериозни пропусти во управувањето со процесот на дигитализација од страна на претходната Влада. Ваквата неефикасност не само што ги фрустрира граѓаните кои очекуваат подобри дигитални услуги, туку и ги оптоварува државните финансии без да обезбеди очекувана вредност за вложените средства. 

Сегашното Министерство за дигитална трансформација веќе презема чекори за адресирање на овие проблеми и се спроведува детална анализа на сите релевантни извештаи, се подготвува акциски план за надминување на утврдените недостатоци, со цел да се надомести изгубеното време и да се постигнат конкретни резултати за граѓаните. 

Нашата цел е да обезбедиме транспарентно и ефикасно користење на јавните средства во иднина со што ќе се намалат коруптивните дејствија и процеси - истакна Андоновски.  

Министерот напомена и дека една од главните задачи на министерството е да се заштитат децата во онлајн просторот, односно младите да имаат безбедност, едукација и правилен развој во онлајн сферата.  

- Ако сакаме да превенираме, компонентата која е најважна, е да вложуваме во раната едукација и заштита на децата, а тоа можеме да го постигнеме со заеднички напори и сили и само со вклучување на сите во процесот. Ваквите активности и новитети, како што е Националниот центар и слично можат да бидат точката која тоа ќе го промени - појасни Андоновски. 

Министерот за дигитална трансформација, говореше и за сајбер безбедноста, за чија цел, министерство подготвува национална стратегија. 

- Ја зајакнуваме нашата способност за превенција, детекција и брз одговор на сајбер закани. Ова е континуиран процес на кој му посветуваме најголемо внимание. Сајбер безбедноста е клучен приоритет за нашата Влада. Преку овие мерки, ние градиме дигитално отпорна Македонија, способна да се справи со современите сајбер предизвици - дополни Андоновски.  

Андоновски во емисијата додаде дека скандалите кои се случувале од изминатите раководства на поедини институции, треба да бидат решени и истакна дека процесите се во тек и јавноста на дневно ниво ќе се информира што се презема во секоја институција, а процесите ќе продолжат и понатаму, се до конечно ослободување. 

- Кога ќе бидат решени процесите, на вистински начин ќе може да се поддржат иновациите, дигитализацијата, инвестициите и целокупниот напредок на општеството - заклучи Андоновски.

Можеби ќе ве интересира

ЈАС ГИ ДОНЕСОВ ГРУБИ И ОСМАНИ ВО ДУИ, НО НЕ БАРАВ ДА БИДАТ ПОГОЛЕМИ ОД ПАПАТА: Меџити распали за неговите некогашни сопартијци

ЈАС ГИ ДОНЕСОВ ГРУБИ И ОСМАНИ ВО ДУИ, НО НЕ БАРАВ ДА БИДАТ ПОГОЛЕМИ ОД ПАПАТА: Меџити распали за неговите некогашни сопартијци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во шест министерства и две државни институции на протест, бараат за 30 отсто повисоки плати

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во шест министерства и две државни институции на протест, бараат за 30 отсто повисоки плати

КОС КАЖА КОЈА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРВА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Што е со Македонија?

КОС КАЖА КОЈА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРВА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Што е со Македонија?

Левица: Со измените на законите би можеле да се вработат лица кои не направиле кривични дела само во последната година

Левица: Со измените на законите би можеле да се вработат лица кои не направиле кривични дела само во последната година

НА МЛАДАТА АНА И Е ПОТРЕБНА НАША ПОМОШ: да ја покажеме нашата хуманост, треба да замине на операција во Германија

НА МЛАДАТА АНА И Е ПОТРЕБНА НАША ПОМОШ: да ја покажеме нашата хуманост, треба да замине на операција во Германија

ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА БРЗАТА ПОМОШ: Дури 254 интервенции заради снегот

ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА БРЗАТА ПОМОШ: Дури 254 интервенции заради снегот

ЦАРИНИЦИТЕ СО БОГАТ ПЛЕН, НЕМА ШТО НЕМА ОД ШВЕРЦЕРИТЕ - еве какви сѐ досетки имале за да криумчарат стока

ЦАРИНИЦИТЕ СО БОГАТ ПЛЕН, НЕМА ШТО НЕМА ОД ШВЕРЦЕРИТЕ - еве какви сѐ досетки имале за да криумчарат стока

СУДИЈКА ОБВИНЕТА ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНА ИСПРАВА: Обвинение има и за сопственици на фирма од Велес

СУДИЈКА ОБВИНЕТА ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНА ИСПРАВА: Обвинение има и за сопственици на фирма од Велес

„СИТЕ ДИРЕКТОРИ ВО ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ШЕСТ ГОДИНИ РАБОТЕЛЕ КРИМИНАЛНО“: Андоновски најавува кривични пријави

„СИТЕ ДИРЕКТОРИ ВО ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ШЕСТ ГОДИНИ РАБОТЕЛЕ КРИМИНАЛНО“: Андоновски најавува кривични пријави