Ангажманот на вработените и потребните идни компетенции за економска благосостојба – тема на овогодинешната Меѓународна конференција за човечки ресурси
Објавено во: Мои пари 13 Октомври, 2016 20:26
Оваа година темата на 8та Меѓународна конференција за човечки ресурси и HR EXPO, е заснована на сè поголемите и почести промени со кои се соочуваат организациите од секаков тип, секој ден, насекаде. Како да се постигне економска благосостојба, односно финансиска стабилност во една компанија, а притоа да се искористат тековните компетенции на вработените, и да се развијат во идни конкурентни предности, е една од најголемите задачи и цели на секој менаџер за човечки ресурси.
По осми пат, традиционално, Македонската асоцијација за човечки ресурси, која е дел од Европската асоцијација за човечки ресурси, ја организира најголемата регионална, меѓународна конференција во областа на човечки ресурси и HR EXPO од 13 до 14 октомври во Скопје Мериот хотелот, и има за цел да придонесе кон развој на оваа област, како и да ги приближи современите и потребни практики до локалните експерти.
“Успешно започна и одлично поминува првиот ден од 8та Меѓународна конференција за човечки ресурси и HR EXPO. Исполнета е целта за организирање на овој настан, да се актуелизираат теми од областа на управувањето со човечки ресурси и воедно да создадеме вмрежување за размена на искуства помеѓу HR менаџерите од регионот. Задоволството е големо што овој настан со годините прерасна во вистински регионален бизнис собир, на кој имаме можност да слушнеме врвни презентери од академскиот, од корпоративниот свет, како и од менаџмент консалтингот од Европа и пошироко. Им благодарам на сите поддржувачи кои ја препознаваат вредноста и се грижат секоја година конференцијата да го достигне посакуваното високо ниво на организација.” - изјави Христина Лозаноска, Претседател на Македонската асоцијација за човечки ресурси.
Двата дена од конференцијата ќе бидат исполнети со презентации за што подобра промоција и дистрибуција на знаење за најдобрите практики во областа на човечките ресурси.Повеќе во врска со гостите предавачи и сите подетални информации може да се најдат на следниот линк.
Спонзори на 8та Меѓународна конференција за човечки ресурси и HR EXPO се Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд - Сити Колеџ, СиТ Македонија, РСМ Македонија, Шпаркасе Банка, Clear View, Економски факултет – Универзитет Љубљана, Универзитет Американ Колеџ Скопје, Цементарница УСЈЕ – ТИТАН, Алкалоид АД Скопје, Скопје Мериот Хотел, Универзитет за туризам и менаџмент Скопје и Групер.
Можеби ќе ве интересира
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА




