АНГЕЛОВ: ПОТФРЛИВМЕ КАКО ВЛАДА - Директорот на ЦУК со остри зборуви за соработката со СДСМ
Објавено во: Македонија 18 Декември, 2023
Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов, воедно и директор на Центарот за уравување со кризи, утрово изјави дека за него соработката со СДСМ е минато и кажа: „потфрливме како влада“.
„Соработката со СДСМ веќе е минато“, потенцира утрово во емисијата „Еспресо со Златев и Боцевски“ првиот човек на Центарот со управување со кризи, Ангелов.
На новинарско прашање за идна соработка со СДСМ, Ангелов не го криеше незадоволство од власта, а особено се осврна на црната листа и извештајот од Европската Комисија.
- Ние потфрливме како влада, јас ќе се повикам на извештајот на Европската Комисија. Ставањето на вицепремиер на црната листа за мене е погубно, а градоначалникот од редовите во ДУИ исто така заврши на оваа листа - вели Ангелов.
На прашањето дали би му пречела влада меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ вели дека е добро за стабилизација, но така тешко се решаваат крупни прашања според него.
Стојанче Ангелов е категоричен дека соработката со СДСМ веќе е минато, а тој е разочаран дека партијата не ги исполнила барањата на неговата политичка партија „Достинство“.
Во овој момент сметам дека соработката со СДСМ веќе е минато. Оваа влада потфрли во суштината на Достинство. Прогласија само четири воени инвалиди. СДСМ треба да го притисне ДУИ и Талат Џафери, вели Ангелов.
Ангелов вели дека е разочаран од власта, пред сѐ од тоа дека СДСМ за сите прашања се консултира со ДУИ.
Целата емисија може да ја проследите и во видеото подолу, кое е поставено на Јутуб. Со Ангелов беа отворени и други теми, меѓу кои и Крстот на Попова Шапка, предизвиците со кои се соочува ЦУК, медикопетерот на МВР, соработката со СДСМ, законот за бранителите од 2001-ва година, претседателски кандидат, но и прашања дали би коалицирал со ВМРО-ДПМНЕ или пак СДСМ.
Фото: Принтскрин/Јутуб
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.