ЛУКАРЕВСКА ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари
Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2024
Досегашната заменик претседателка на СДСМ Сања Лукаревска, попладнево ѝ ја предаде функцијата на новата заменик претседателка Фани Каранфилова-Пановска.
„Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари. Им благодарам за сета поддршка, за трпението, за соработката и за сите критики кои знам дека беа добронамерни. Поминавме низ бројни премрежја, доживеавме и победи и порази, заедно научивме скапоцени животни лекции. И пак велиме : Ние сме СДСМ. Зашто наше мото се зборовите: „битките не се добиваат со евакуација“. Тука сме, обединети и посилни, поразени на избори, но не и победени“, вели Лукаревска.
СДСМ викендов го одржа 30-от конгрес.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.