Ангелов: Скандирањето „УЧК, УЧК“ не оди во прилог на помирување
Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2021 11:03
Скандирањето „УЧК“ за време на кој било протест ја разгорува меѓуетничката омраза, порачува директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
„Скандирањето „УЧК, УЧК..." за време на било кој протест или друг јавен настан, без разлика колкава е бројноста на групата која скандира, ја разгорува меѓуетничката омраза и не оди во прилог на процесот на помирување за кој толку многу зборуваме и се залагаме, поради што треба да биде цел на силна општествена осуда од сите значајни општествени фактори. Уште повеќе иритира фактот дека вакво скандирање се случи на протест за случајот „Монструм" во кој се води судска постапка за сурово убиство на 5 недолжни лица“, напиша Ангелов на Фејсбук.

Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




