Анѓушев: Владата нема со државни пари да го враќа долгот за неплатена струја на граѓаните
Објавено во: Економија 04 Февруари, 2019
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска пред новинарите ги демантираше вестите дека Владата со 110 милиони евра од буџетот ќе ги враќа утужените долгови на граѓаните за неплатени сметки за струја наталожени до 2006 година.
Изјави дека државата нема да потроши ништо од Буџетот, туку станува збор за простување со отпис.на долгови кон поранешното Електростопанство на Македонија.
Не можеше да каже колкав е износот на долгот на граѓаните и за колкава бројка на граѓани станува збор откако премиерот Зоран Заев изјави дека се работи за 200 илјади семејства со долг од 110 милиони евра, бројки кои одредени медиуми ги оспорија како „надувани“.