15 Јануари, 2025
0.0353

Анѓушев:Ако се намали цената на гасот, вонредно може да се намали и цената на парното

Објавено во: Економија 20 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Либерализацијата на пазарот на електрична енергија што требаше да се случи на 1 јануари годинава, но се пролонгира за 1 јули, би требало да направи финансиски бенефит, а не дополнително финансиско оптоварување за компаниите, вкупно 146, чиј список е веќе објавен на интернет страницата на МЕПСО, смета Кочо Анѓушев, новиот претседател на Македонската енергетска асоцијација.

Според него, неинформираноста на компаниите и неподготвеноста на ЕВН да одговори на предизвикот се клучните причини поради кои процесот на либерализација беше одложен.

- Не станува збор за несакање на компаниите да се приклучат кон процесот на либерализација, туку за нивно неинформирање. Сепак, најважно е да бидат подготвени двете страни и ЕВН, како корисник и управувач со мрежата на дистрибуција кон која овие комапнии се приклучени, но и компаниите, изјави Анѓушев по денешната седница на МЕА на која беше избран за претседател.

ЕВН, додаде, сериозно се подготвува за претстојната либерализација. Воедно, од 5-ти март, ќе почнат подготвителни состаноци како вид едукација и информирање за сите 146 субјекти. Целта е до 1 јули да бидат подготвени и процесот да стартува со полн капацитет, без проблеми и финансиски импликации врз индустријата.

- Сите 146 индустриски објекти сега се снабдуваат со електрична енергија од еден испорачател. Доколку се донесе коректна висина на дистрибутивната такса, како и во останатите држави, се очекуваат позитивни финансиски импликации по цената на енергијата за нив, таа да биде пониска, напомена Анѓушев.

Одговорајќи на новинарски прашања, Анѓушев рече дека е логично, ако се намалува енергенсот што служи за производство на топлинска енергија, да може вонредно да се корегира цената на топлинската енергија.

Кочо Анѓушев на раководното место во МЕА доаѓа по Димитар Хаџимишев кој ја извршуваше оваа функција 17 години.

- МЕА останува отворена за соработка со сите свои членки, со домашните и меѓународните институции од областа на енергетиката, истакна престедателот.

Македонската енергетска асоцијација постои од 2005 година, а дотогоаш функционираше како Одбор за енергетика. Меѓу членките во МЕА се и 14 од најголемите 20 македонски компании рангирани по промет.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања