27 Април, 2024
0.0291

АНКЕТА: Како патниците ги оценија македонските возови?

Објавено во: Македонија 24 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Климава двојка, или попрецизно 2,62 на скала од 1 до 5, е оценката што ја дадоа патниците за квалитетот на услугите кои ги добиваат во возовите на „Македонски железници- Транспорт“. Ова го покажува анкетата за почитување на правата на патниците во превоз со железница, што ја спроведе Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор на 552 испитаници во возови на релација Скопје- Битола- Скопје, Скопје- Кичево- Скопје, Скопје- Кочани- Скопје, и Скопје- Гевгелија- Скопје.

Главни забелешки на патниците се дека треба да се пуштат повеќе вагони во ударните денови и во викендите и да се набават нови возови. Хигиената во самите возови, санитарни јазли, како и на железничките станици доби слаба оценка од анкетираните. А, меѓу коментарите на патниците може да се најде и барањето да се продаваaт билети во број колку што има слободни места во возот и да се создаде можност за резервација на билети неколку дена претходно со нумерација по седиште.

Од добиените одговори на патниците може да се заклучи дека ниската цена на овој превоз е прв услов и приоритет да ја користат железницата. Возовите ги користат групата на патници од 25-64 години (работоспособната популација) во работни денови, а додека во викенди железничкиот патнички транспорт го користат и помладите и постарите граѓани. Бројот на патници кој го користат железничкиот патнички транспорт е значително поголем во викендите одколку во работни денови. За време на викендите најголем процент на застапеност на патници го сочинуваат групите „од 15-18 години“ (ученици) и „од 19-24 години“ (студенти).

Според анкетата, патниците се задоволни од точноста на возовите и почитувањето на возниот ред при тргнување на возовите. Иако мора да се напомене дека имаат бројни забелешки за неможноста и потешкотиите да дојдат до информациите за возниот ред, како начинот за пристапност до истиот (неможноста телефонски да ги добијат информаторите, немање интернет систем за навремено јавување и известување, неточни и неажурни информации).

За осветлувањето и ознаките, возовите на сите линии добија задоволителна оценка. Хигената во вагоните и санитарните јазли во старите возови е на незадоволително ниво, а проблемот со местата за седење на сите линии е основен проблем на патниците. Во делот на железничките станици, патниците имаат жалби во однос на пристапот и непокриеноста на пероните особено во врнежливи и ладни денови.

Патниците кои го користат возот како превозно средство на различни релации имаат различен или нееднаков пристап до информациите кој ги добиваат пред да започнете со патување.

Од 10 патници дури на 8 патници не им се достапни никакви информации во текот на патувањето, со исклучок на новата композиција Скопје- Битола- Скопје која всушност го подига и општиот просек, каде на повеќето прашања преовладува одговорот „ДА“ за разлика од останатите линии. Со ова може да се заклучи дека патниците кој ги користат новите возови/композиции имаат поголема пристапност до информациите за патувањето.

Патниците за време на патувањето добиваат просечни информации, дури скоро половина од патниците ги оценуваат информациите кои ги добиваат со оценка 3.

(М.Б.)

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“