Антикорупциска ги гони Рашковски и Зеќири за незаконски вработувања
Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2022 12:10
Државната комисијата за спречување на корупцијата одлучи да поднесе кривични пријави за злоупотреба на службена положба против последните двајца поранешни генерални секретари на Владата - Драги Рашковски и Мухамед Зеќири.
Според Антикорупциска, тие незаконски ангажирале на лица за работа со договор на дело, непрописно постигнувале договори за привремени вработувања со агенции, а имало и спорни договори со лица за вршење на интелектуални услуги.
Претседателката Билјана Ивановска,појасни дека ДКСК извршила увид во документацијата и утврдиле дека во периодот 2017-2021 година на име договори за авторско дело и преку приватни агенции за вработување се потрошени 2,5 милиони евра. Секогаш се користени услугите на иста приватна агенција за вработување и иста агенција за давање услуги од интелектуална сопственост.
Рашковски и Зеќири ги злоупотребиле дискреционите овластувања, така што била загрозена транспарентноста на вработувањата во јавниот сектор. Така, лица кои претходно биле вработени со авторски договори потоа биле примани во редовен работен однос, претходно стекнувајќи се со предност пред останатите кандидати кои се јавиле на конкурсите.
Првата антикорупционерка посочи и дека Комисијата дошла до факти дека извршените задачи не соодветствувале со авторски дела, што е уште една основа да постапува Обвинителството.
„Ако владата сака да има заштеди во буџетот, треба да знае како да постапува во иднина. Имаме сомневања за кривично дело и сме должни да постапиме“, рече Ивановвска на седницата.
Можеби ќе ве интересира
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина




