„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
Објавено во: Македонија 17 Декември, 2025 12:24
Остри реакции пристигнаа денеска до нашата редакција од опозициската партија Левица за најавите за назначување на нов директор на Зоолошката градина, но и за работењето на забавниот парк „Зимзоленд“.
- Левица предупредува дека најавите за ново раководство во Зоолошката градина во Скопје претставуваат уште еден алармантен пример за тоа како градската власт ја сфаќа одговорноста кон јавните институции - како партиски ресурс, коалициски плен, места за негување на хирови и амбиции на партиски кадри. Откако за в.д. директор на ЈП „Градски паркинг“ градоначалникот Ѓорѓиевски назначи лице кое ВМРО-ДПМНЕ претходно го обвинуваше за сериозни злоупотреби, сега оди чекор подалеку, со намера на чело на Зоолошката градина да постави лице осудувано за кривично дело поврзано со животни.
Наместо транспарентна постапка, стручност и интегритет, сведочиме на обид за инсталирање лице со сериозно контроверзно минато на чело на установа која со години е симбол на негрижа, скандали и трагични последици по животните. Фактот дека станува збор за поранешен партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ, со судски утврдени дејствија поврзани со измама со животни, отвора сериозни прашања за моралниот и етичкиот компас на градската власт, но и за мотивите зад ваквото назначување - се посочува во соопштението на Левица.
Од партијата додаваат дека по сите угинувања, извештаи за лоши услови, институционален хаос и целосна загуба на доверба кај јавноста, Зоолошката градина има потреба од радикална професионализација, а не од политичка рехабилитација на кадри како Стево Ќирков (Стефан Кирков) со дамки во биографијата.
- Согласно информациите, лицето Стево Ќирков неодамна било осудено на условна казна за измама со животни, односно за тоа што измамувал граѓани продавајќи им кучиња за 600 евра, без да им обезбеди педигре, иако претходно тоа било ветено. Во самата пресуда, врз основа на сведоштва се наведува дека истото лице било познато и по други слични измами на повеќе лица. Дополнително, во 2021 година Ќирков одлежува и три месеци затвор поради непокриени трошоци во друга судска постапка.
Дополнително, прашуваме: Дали против ова лице моментоално се води и друга истрага за кривично дело? Бараме итно преиспитување на оваа намера од страна на Ѓорѓиевски! Јавниот интерес, безбедноста и благосостојбата на животните мора да бидат над партиските калкулации и амбициите на партиските другари - се потенцира во соопштението.
Од партијата со посебен осврт и на работењето на „Зимзоленд“, но и со прашање зошто градоначалникот на Аеродром, се уште не го затворил.
- И покрај утврдените неправилности и отворениот предмет во Јавното обвинителство за општа опасност, „Зимзоленд“ во Општина Аеродром и понатаму работи. Наместо итна реакција, градоначалникот се крие зад процедури и рокови и ја префрла одговорноста. Во меѓувреме, безбедноста на граѓаните – а пред сè на децата – е занемарена - истакна Горан Костовски, советник од Левица на прес конференција.
Според него законот е јасен: кога постои опасност, објектот мора веднаш да се затвори.
- Но очигледно, за градоначалникот Митески ова не важи. И покрај констатираните пропусти од повеќе инспекции, Градот Скопје и јавните предупредувања, досега нема ниту една конкретна мерка за затворање или отстранување на опасните реквизити - рече тој.
Советниците од Левица јавно побараа општината да делува, но како што велат добиле само празни уверувања дека „процедурата е во тек“.
- Прашањето е едноставно: дали институциите ќе реагираат навреме или повторно ќе чекаат трагедија за да преземат одговорност? - истакнува Костовски.
Можеби ќе ве интересира
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал
МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“
Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка




