Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
Објавено во: Македонија 17 Декември, 2025 12:25
Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) денеска соопшти дека во функција е нов веб портал за квалитет на воздухот, на кој може да се пристапи преку постоечката адреса https://air.moepp.gov.mk.
- Податоците од сите мониторинг станици како и досега може да ги гледате во реално време. Новитет е тоа што се споредуваат со новиот индекс, кој е во согласност со Европскиот индекс за квалитет на воздух кој започна со примена од 4 јули 2025 година. Веб страната има подобрени перформанси, подобрени анализи во делот на надминувања на граничните вредности во тековната година како и годишни анализи за претходни години, посочуваат од Министерството.
Исто така, како што додаваат од МЖСПП, пуштена е и мобилна апликација за приказ на податоците за квалитетот на воздухот за Андроид и iOS чии што линкови за преземање може да се најдат на веб страницата.
Можеби ќе ве интересира
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал
МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“
Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка




