22 Мај, 2024
0.0281

Антикорупциска проверува дали Рашковски добил „доџ вајпер“ од 50.000 евра за награда

Објавено во: Македонија 28 Декември, 2021

Добивај вести на Viber


Државната комисија за спречување на корупцијата го пријави поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција за незаконско примање награда.


Гостиварска фирма која градела објекти што се сопственост на државата за десеткратно помала цена продала возило за 5.000 евра на владиниот советник Игор Христов, а тој потоа го подарил на сопругата на Рашковски.

Во анкетниот лист на Рашковски стои дека возило марка „доџ вајпер“, произведен 2005 година во вредност од 300 илјади денари или околу пет илјади евра, е во сопственост на неговата сопруга.

И од МВР потврдиле за Антикорупциска дека имало две промени на сопствеништво на автомобилот, но во договорот стои нереална цена, бидејќи оваа марка дури и како половно возило би вредело најмалку 50.000 евра.

– Од наведеното произлегува дека блиско лице на Рашковски, добила на подарок од Игор Христов возило што вреди околу 50 илјади евра, кое истото го купил за невообичаено ниска цена од гостиварската фирма, која пак имала поднесено барање за спроведување постапка за склучување пред договор за пренесување на правата за градење објекти што се сопственост на државата, доставено до Владата. Тоа води кон сомневање за преземање дејствија спротивни на закон. По извршената проверка откриено е дека на 17.12.2018 година до Генералниот секретаријат на Влада, гостиварскат фирма доставила барање за спроведување постапака за склучување пред договорот. Во барањето се известува за имот за катастарска Општина Гостивар во вкупна површина од 366 квадратни метри деловен простор, имот сопственост на државата, а со право на користење на УЈП во Гостивар и Централниот регистар – изјави Горан Трпеноски, членот на ДКСК на денешната седница.

Објектот што се споменува во овој случај во Гостивар, според Трпеноски, најверојатно е влезен и во стечајната маса на пропаѓањето на Евростандард банка и Здружението на оштетени штедачи реагирале за овој случај. 


Можеби ќе ве интересира

ПОЧНАА ДА СЕ БРОЈАТ ШТЕТИТЕ: Невремето во Липково зад себе остави хаос

ПОЧНАА ДА СЕ БРОЈАТ ШТЕТИТЕ: Невремето во Липково зад себе остави хаос

ЗАПАДЕН БАЛКАН – ЕДНА ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА ЗА АМЕРИКАНСКИТЕ ТУРИСТИ

ЗАПАДЕН БАЛКАН – ЕДНА ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА ЗА АМЕРИКАНСКИТЕ ТУРИСТИ

ВЕСЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА ПОСТАВИЛА НЕПРИФАТЛИВИ УСЛОВИ ЗА МПЦ: Бара многу откажувања, еве за што станува збор

ВЕСЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА ПОСТАВИЛА НЕПРИФАТЛИВИ УСЛОВИ ЗА МПЦ: Бара многу откажувања, еве за што станува збор

ПРВА ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА: Гордана Силјановска Давкова ќе отпатува во Ватикан и Рим, еве кој ќе ја придружува

ПРВА ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА: Гордана Силјановска Давкова ќе отпатува во Ватикан и Рим, еве кој ќе ја придружува

ЕВЕ ШТО ОСТАВИ ВЧЕРАШНОТО НЕВРЕМЕ И ВО СКОПСКА ЦРНА ГОРА: Поланината побеле како да паднал снег!

ЕВЕ ШТО ОСТАВИ ВЧЕРАШНОТО НЕВРЕМЕ И ВО СКОПСКА ЦРНА ГОРА: Поланината побеле како да паднал снег!

ВРАБОТЕНИТЕ НА АД ПОШТА НА ПРОТЕСТ - бараат плати и реорганизација поради „сериозност на состојбите“

ВРАБОТЕНИТЕ НА АД ПОШТА НА ПРОТЕСТ - бараат плати и реорганизација поради „сериозност на состојбите“

ДРАСТИЧЕН ПАД НА БРОЈОТ НА ПАТНИЦИ КОИ ПАТУВААТ НИЗ ГРАДОВИТЕ: градските и приградските превозници ги губат клиентите

ДРАСТИЧЕН ПАД НА БРОЈОТ НА ПАТНИЦИ КОИ ПАТУВААТ НИЗ ГРАДОВИТЕ: градските и приградските превозници ги губат клиентите

ТРИ ЛИНИИ НА „ВИЗЕР“ ЌЕ ПОЧЕКААТ ПОДОБРИ ВРЕМИЊА: Еве зошто компанијта ја прекина продажбата на авио билети за овие дестинации

ТРИ ЛИНИИ НА „ВИЗЕР“ ЌЕ ПОЧЕКААТ ПОДОБРИ ВРЕМИЊА: Еве зошто компанијта ја прекина продажбата на авио билети за овие дестинации

ЕВЕ КАКОВ КОМЕНТАР ИМАШЕ БЕЌАРОВСКИ НА ИЗЈАВАТА НА ИЉАЗИ: „Другарице и другови, напали ме ови информбировци, као да је 1948“

ЕВЕ КАКОВ КОМЕНТАР ИМАШЕ БЕЌАРОВСКИ НА ИЗЈАВАТА НА ИЉАЗИ: „Другарице и другови, напали ме ови информбировци, као да је 1948“