Антониа Гиговска го скрши мразот во новата 14-та сезона од ,,Еден на Еден’’
Објавено во: Мои пари 04 Ноември, 2022 10:27
Новата 14-та сезона од ,,Еден на Еден’’ пристигнува на малите екрани! Оваа недела, со почеток во 18:30 на Канал 5, ќе имаме можност да ја гледаме премиерата на шоуто кое цели 14 години опстојува во медиумскиот простор.
Горди на домашната продукција и низа познати соговорници низ годините, Жарко Димитриоски и тимот на ,,Еден на Еден’’ и оваа сезона ни најавуваат интересни гости и одлична содржина која со сигурност ќе ни го задржи вниманието.
Прва гостинка во Сезона 14 е младата талентирана пејачка Антониа Гиговска, која во оваа епизода отворено раскажа за својата борба со килограмите и трансформацијата низ која поминала, коментарите на социјалните мрежи со кои секојдневно се соочува, поддршката која не ја добила од своите соученици по Евровизија, но и за крајот на нејзината љубовна врска со пејачот Иван Јованов.
Како Антониа игра чочек и како го имитира Жаре се само дел од неочекуваните предизвици кои водителот ѝ ги приреди на младата пејачка во првата епизода од ова шоу, за која сме сигурни дека е само почеток на уште една успешна сезона – полна со музика, скечеви, и супер гости!
Гледајте ја премиерата на ,,Еден на Еден’’ во недела, 18:30 на Канал 5!
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“




