02 Јуни, 2023
0.0259

Антонијо Милошоски: На 20 градежни материјали на „Бехтел и Енка“ референтна цена им е онаа на резиденцијалните објекти во Скопје

Објавено во: Македонија 25 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Пратеникот Антонијо Милошоски во емисијата „За или против“ на Алфа ТВ рече дека претставниците на власта надвор од нивните законски овластувања потпишале услови со изведувачот Бехтел и Енка за изградба на четирите автопатски делници,и дека затоа го кријат договорот. Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, власта поради тоа го крие договорот, инаку многу лесно ќе се увидат клаузулите каде е високата корупција

- Најмалку 20 градежни материјали немаат утврдена цена. Референтната цена најчесто се врзува со цената на злато, нафта, долар и слични валути и вредности. Тука во овој договор референтната цена е поврзана со резиденцијалните објекти во Скопје, рече поранешниот министер за надворешни работи повикувајќи се на детали од договорот, како што вели, обезбедени од свиркач.

Тој потврди дека утре во Собранието ќе биде гласањето за петте спорни закони со европско знаменце поврзани со договорото со „Бехтел и Енка“ и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаме против овие измени.

На Милошоски му е симптоматично и тоа што како да е изоставен од сето ова министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој како што вели пратеникот, во случајов е „помножен со нула“.

- Бочварски јавно кажа дека не постои основен проект за овие делници. Овде нема ништо, освен една скица.  

Владата потпишала таква ставка, доколку се јави некој проблем, не плаќа изведувачот, се плаќаат агенциите, претпријатија и институциите на државата, рече меѓудругото Милошоски.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Aко нема уставни измени, државата ќе влезе во изолација

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Aко нема уставни измени, државата ќе влезе во изолација

Змија е фотографирана на паркинг во центарот на Скопје

Змија е фотографирана на паркинг во центарот на Скопје

(ВИДЕО) Пристигнаа новите оклопни возила набавени од САД

(ВИДЕО) Пристигнаа новите оклопни возила набавени од САД

Ковачевски: Ако не се случат уставните измени, наместо интеграција ќе имаме изолација

Ковачевски: Ако не се случат уставните измени, наместо интеграција ќе имаме изолација

Министерот за здравство ги повика хирурзите да работат во недела за да се намали листата на чекање

Министерот за здравство ги повика хирурзите да работат во недела за да се намали листата на чекање

Гостиварец платил 10.000 евра со цел неговото семејство да не дознае дека има љубовница

Гостиварец платил 10.000 евра со цел неговото семејство да не дознае дека има љубовница

Благој Бочварски казнет со 150 евра за вработувањето на сопругата и нејзината сестра во болницата во Штип

Благој Бочварски казнет со 150 евра за вработувањето на сопругата и нејзината сестра во болницата во Штип

Османи го нарече Макрон премиер на Франција

Османи го нарече Макрон премиер на Франција

Ковачевски се изгушка со Зеленски во Молдавија

Ковачевски се изгушка со Зеленски во Молдавија