Тест за интолеранција на храна со 286 различни видови на храна
Објавено во: Македонија 30 Декември, 2024
Чувството на задоволство и напливот на среќа по првиот вкусен залак е одлична илустрација за тоа колку храната е важна за здравјето и за квалитетот на живот на секој човек. Но, што доколку по оброкот чувствувате надуеност, главоболка, имате гасови, костипација (запек) или дијареа, ви се појавуваат акни... Сé ова може да бидат симптоми за интолеранција или чувствителност на одредена храна. На долгата листа состојби кои може да бидат последица на несоодветна храна се наоѓаат најчестите болести на современиот човек како артритисот, егземата, високиот крвен притисок и гојазноста. Едноставно храната која за многумина може е деликатес, Вам не ви одговара. Но како да ја вратите широката насмевка после секој оброк?
Тестовите за интолеранција на храна даваат насоки како да го смените менито во секојдневната исхрана. Конкретни насоки на кој производ или храна да внимавате или одреден период да го исфрлите од исхраната. „Денес многу се разговара за тоа како изгледа интолеранција на млеко, глутен или слично, но во секојдневната исхрана имаме стотици други производи за кои не знаеме многу, но кои влијаат на квалитетот на живот што го водиме. Во нашата лабораторија правиме тест за интолеранција на храна и тоа на 286 видови на храна. Ова е единствен тест во Македонија каде се испитуваат толку многу производи и тест кој дава суштествен преглед дали нешто од храната ги предизвикува непријатните состојби. Тоа може да биде еден производ кој го истоштува телото и води до пад на имунитетот и појава на хронична болест. Се разбира дека тестот е само насока со препораки за кои пациентот доколку има потреба треба да разговара со неговиот доктор или нутриционист“, вели Елеонора Арсова од Лабораторија Рамус.
Персонализирајте ја исхраната
Тестот FOXFood Explorer овозможува да ја персонализирате исхраната, односно да јадете храна која одговара на вашите потреби и која не предизвикува несакани симптоми. Целта на постапката е да проверите дали имате алергиска реакција тип III на некоја храна, односно тестот детектира хиперсензитивна реакција на целиот организам. Панелот опфаќа дури 286 типови на храна од 13 групи на храна, што е речиси двојно повеќе од тестовите што вообичаено се нудат на пазарот. Погоден е и за возрасни и за деца, а резултатите се готови за 3 до 5 работни денови. Причината за интолеранцијата е дисфункција на гастротестиналниот тракт поради формирање на имунокомплекси на храната и специфичните IgG антитела кон таа храна. Притоа системот не може да свари одреден вид храна, а манифестациите може да бидат различни.
„Поради високата пропустливост на цревниот ѕид, протеините невообичаено може да поминат низ цревната бариера и со тоа го активираат имунитетот и предизвикуваат воспалителни реакции. Може да бидат болки во стомакот, мигрени или болки во зглобовите. Ова се задоцнети алергиски реакции, но со следење на IgG антителата може лесно да се идентификува предизвикувачот на алергијата. Затоа, симптомите може да се олеснат со избегнување на таа храна“, објаснува Елеонора Арсова од Лабораторија Рамус.
Екипите на Рамус прават и домашни посети
Лабораторијата овозможува и домашна посета за земање на примарни примероци за секоја од услугите која ја нудат, како и за FOX Food Explorer тестот може да ги повикате и во комфорот на сопствениот дом да земат примероци за анализата. Дијагностичката лабораторија Рамус е најголемата установа во државата и регионот според бројот на лаборатории. Ги има во сите поголеми градови низ државата.
Во сите лаборатории на Рамус можете да ги направите сите биохемиски, микробиолошки и молекуларни анализи.
ПР објава