Антонио Милошоски: За претседател не знам, но повторно ќе му израмнам на Ѓорчев ако ме предизвика во 2019-та

Објавено во: Македонија 31 Декември, 2018 07:00
Пратеникот Антонио Милошоски за „Фактор“ вели дека Новата година ќе ја прослави во својот дом во кругот на своето потесно семејство, кое патем брои шест членови. Годинава што изминува по четврт пат стана татко, откако во ноември се роди неговата трета ќерка Илина.
Истовремено и неговиот колега од Собранието и сопартиец Влатко Ѓорчев има четири деца, со што неговото последно дете Катерина дојде на свет во 2016-та, па Милошоски на шега вели дека во 2019-та има шанси да продолжи нивниот „натпревар“.
- Јас секако нема да го предизвикувам, немам таква намера, но ако Влатко прв повлече потег, ќе размислам дали да му израмнам - вели Милошоски.
Ќе продолжи ли „дуелот“ со Ѓорчев или резултатот ќе заврши без победник 4-4
Следната година на пролет ќе има претседателски избори, но тој не открива дали една од неговите новогодишни желби ќе биде функцијата како шеф на државата. Од ВМРО-ДПМНЕ веќе најавија дека ќе има отворен конкурс по кој ќе се разгледуваат кандидатурите кои ќе пристигнат. Милошоски е поранешен министер за надворешни работи и таа функција во одредени надлежности се поклопува со претседателската, а во последно време интензивно е отворен за јавноста што може да се протолкува и дека размислува за таков потег.
- Не сум размислувал се уште за тоа дали да се кандидирам, иако тоа би било голем предизвик во 2019-та - вели актуелниот претседател на собраниската комисија за надворешни работи
Милошоски со државниот секретар на САД, Кондолиза Рајс, како министер за надворешни работи
Без разлика која година е, вели дека нема да го промени стилот и ќе продолжи како жесток критичар на актуелната власт.
- Посебен таргет во 2019-та ќе ми биде работењето на одредени министри за кои мислам дека остваруваат многу слаби резултати. Ревносно ќе барам нивна промена ако продолжат да „остваруваат“ вака како што тргнале - најавува Милошоски.
За крај, во 2019-та посакува да биде година во која ќе завршат политичките поделби во Македонија по секоја основа.
- Следната година посакувам да биде подобра од оваа што изминува и да се намали преголемата поларизација во политиката - порачува пратеникот.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
ГРАЃАНИ И ФИРМИ, ВНИМАВАЈТЕ КОГА ВЕ ВИКААТ ЗА НАВОДНА ИСТРАГА, ИМА МНОГУ ЛАЖНИ ПОКАНИ - најново предупредување за измами од МВР

РЕК Битола се справува со лебдечката пепел, ќе вклучи и водени топови

Газдата на „Пуцко Петрол“ излегува од притвор ако даде парична гаранција

За Велигден без плата, протест пред Министерството за култура

Француски туристи тешко повредени на патот Кичево - Охрид

„ВЕЛИГДЕН Е ВРЕМЕ ЗА СЕБЕАНАЛИЗА, САМОКРИТИКА И ПРОМЕНА“ - претседателката Гордана Силјановска-Давкова специјално за Женски магазин

ЗИЈАДИН СЕЛА СЕ ОГЛАСИ СО ПОРАКА ДО ВРЕДИ: „Да ја напуштат Владата и да дојдат да се обединиме, за да притиснеме за предвремени парламентарни заедно со локалните избори“

Обвинителството отвори случај за токсична пепел во РЕК Битола
„ВМРОВСКАТА ВЛАДА УШТЕ ИСКРЕНО НЕ СЕ НИ ЗАБЛАГОДАРИ ЗА ПОМОШТА ОД БУГАРИЈА“: Георгиевски кажа што му остави впечаток на Велики петок
