18 Декември, 2025
0.0390

АПИС АПЕЛИРА ДО ВЛАДАТА ДА НЕ ГО ПРЕДЛАГА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ИГРИ НА СРЕЌА ВО СОБРАНИЕ: „ПРЕДИЗБОРНАТА РЕТОРИКА ЌЕ ЈА ЗАГРОЗИ ОДРЖЛИВОСТА НА РЕГУЛАТИВАТА!“

Објавено во: Мои пари 16 Јули, 2025 12:23

Добивај вести на Viber

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС апелира до Владата да не го предлага новиот драфт на закон за игри на среќа во собраниска постапка. Поучени од претходните искуства, сметаме дека предизборната реторика многу штетно ќе влијае на процесот. Повторно ќе започне партиска лицитација со предлози кои ќе имаат за цел промовирање на радикални решенија и конечно затворање на легалните објекти за игри на среќа. Таквиот пристап ќе спречи усвојување на долгорочна спроведлива регулатива. Неопходна е широка општествена дебата и инклузивен процес, наместо нов закон по секоја цена. Веруваме дека нашите предупредување ќе бидат примени со добра волја, без предрасуди и надвор од дневно политичките збиднувања.

  Искрено жалиме што и во новиот предлог закон се актуелизира противуставната и дискриминаторска одредба за воведување дистанца за легалните објекти за игри на среќа. Не е точно дека младите ќе бидат повеќе заштитени со дистанца од 500 метри. Ваквиот концепт е целосно промашен, неизводлив на терен и зависен од субјективна проценка на надлежните. Одговорно тврдиме дека дислокацијата е параван за клуч на врата на легалните објекти за игри на среќа. Критиките дека називите и излозите на спортските објектите ги привлекуваат младите и наводно така преку очите им се создава навика за игри на среќа, нема врска со реалноста. Ако ја прифатиме оваа логика, со истите аргументи ќе треба да се дистанцираат и кафулињата, кафеаните и тобаката за младината да не биде под ризик да стекнува зависност од алкохол и никотин. Особено што во новиот закон се предвидува големината на досегашните светлечки реклами за називите на објектите за игри на среќа да биде драстично намалена на најмногу 100 сантиметри должина и 30 сантиметри ширина.

Истовремено сметаме дека е целосно нелогично во исто време да се воведува дистанца на објектите и да и се овозможува на државата да организира игри на среќа преку интернет. Онлајн игрите на среќа се достапни преку мобилни уреди, компјутери на секое место во државата и така младината е под постојан ризик да има непосреден контакт со игрите.

Во услови на сериозни економски предизвици е целосно нерационално да се турка нов закон кој во пракса постепено предвидува целосно затворање на легална економска гранка и по автоматизам отворање играње на црно во подрумски простории, како децении наназад. Државата ќе ги изгуби контролата и неколку стотици милиони евра годишно кои се слеваат во државниот Буџет.

Ние сме претставници и на реномирани странски компании кои во овие деловни услови индиректно помагаат меѓу 54 илјади до 100 илјади работни места во земјата, и најмалку што очекуваме е да бидеме третирани од државата во која инвестираме со децении на ист начин како и странските инвеститори од други економски дејности. Особено што со вкупно 10 илјади вработени сме најголемиот приватен работодавец во државата. Станува збор за општествено одговорни компании кои целосно го штитиме јавниот интерес и неселективно ја спроведуваме регулативата.

Бараме од политичарите да престанат да не ставаат во фокусот на дневно политичките препукувања. Нам таму не ни е местото. Не сме против нов закон за игри на среќа кој ќе содржи одредби кои предвидуваат заштитни механизми за грижите на јавноста, но нема да дозволиме да бидеме жртви на политичка гилотина во предизборни цели.

АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРИРЕДУВАЧИ НА ИГРИ НА СРЕЌА - АПИС

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка