Апостол Симовски: Малиот број на граѓани со факултет се должи на тоа што младите се отселуваат
Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2022 09:47
Апостол Симовски, директорот на Државниот завод за статистика, рече дека релативно малиот број на лица над 15 години со завршено високо образование во Македонија се должи на тоа што голем број од младите се отселуваат од земјата.
Вчера ДЗС во рамки на третиот сет на резултати од пописот на населението во 2021 објави дека 263 349 лица или 17.3 % се со високо образование во структурата на граѓани постари од 15 години.
- Ние пордуцираме кадри, ама забораваме дека ова е резидентно население. Најголем дел од планот на младите е да замине. Затоа е толку мал процентот со факултети, рече Симовски./
За големиот број на резиденти со само основно училиште, со недовршено основно образование и неписмени, тој вели дека голем број на граѓани се уште го учат средното.
23 192 лица или 1.5 отсто од жителите се без образование, 62 129 лица се со незавршено основно образование, а 423 456 лица се само со основно образование.
- Табелатат е за лица од над 15 години. Ума многу кои уште не го завршиле средното образование, тие се во процес. Треба да се земат овие елементи во предвид кога се анализираат податоците.
Ние во Скопје гледаме многу мал тесен круг, но ако погледнеме пошироко, а не зборувам само за руралните средини, ќе видиме дека имаме многу повозрасни групи, кои немале големо образование , но се живи и здрави, истакна Симовски.
За бројката од 18 897 неписмени, тој вели дека станува збор за многу старо население.
- Имаме старо население кое е голем дел од популацијата а таму има многу што не го завршиле основното училиште, додаде Симовски.
Можеби ќе ве интересира
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина




