АПСЕЊА ВО ФРАНЦИЈА: Приведени тројца исламисти
Објавено во: Свет 28 Декември, 2016
Три лица се уапсени во Јужна Франција во антитерористичка операција.
Весникот „Депеш ди Миди“ пишува дека две лица, на возраст од 42 години, се уапсени при претрес на една стан во градот Тулуз.
При претресот на станот пронајдено е лажно, но и вистинско огнено оружје.
Двете упасени лица се поврзани со радикални исламистички кругови, а едниот од нив, според „Депеш ди Миди“ манфестирал карактеристики специфични за лица со профил на самоубијци. Третото лице, на возраст од 30 години, е уапсено во местото Куњо, во рамки на истрага што ја спроведува антитерористичкото обвинителство од Париз.