17 Декември, 2025
0.0710

АРСОВСКА, КАСАМИ И КОЊАНОВСКИ ИМ ГИ ЗГОЛЕМИЈА ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНИТЕ ЗА 2.806 ДЕНАРИ, ВЛАСТА Е ГЛУВА - ССМ вели: Нашиот штрајк почна да дава резултати

Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2022 10:33

Добивај вести на Viber

Во првите три дена од генералниот штрајк во цел јавен сектор платите на огромен број на работници во јавниот сектор кои работат во Градот Скопје, општините или во јавните претпријатија основани од Градот Скопје или општините веќе се усогласени за 2.806 денари согласно растот на минималната плата, објави Сојузот на синдикатите на Македонија.

„За усогласувањето од 2806 денари на платите на вработените во јавниот сектор разбирање имаат локалните власти и градоначалниците заедно со директорите на јавните претпријатија кои ја разбраа потребата да му се помогне на работникот во овие тешки времиња.

Градоначалниците на Град Скопје, Данела Арсовска, на Општина Тетово, Билал Касами и Општина Битола, Тони Коњановски веќе го прифатија главното барање на штрајкувачите за зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2806 денари во нето износ согласно зголемувањето на минималната плата и ги зголемуваат платите на вработените.

Истовремено, во моментот се водат преговори и преку социјален дијалог на локално ниво се очекува во следните неколку денови ова покачување да го добијат вработените од јавен сектор во најголем број на општини и јавни претпријатија оснивани од нив“, се вели во соопштението од ССМ.

Дополнително ССМ и синдикатите здружени во ССМ со успех ги завршија преговорите во ЈСП - Скопје, ЈП Комунална Хигиена - Скопје, ЈП Водовод и канализација - Скопје, ЈП депонија Дрисла - Скопје, ЈКП Водовод -Битола, КЈП Нискоградба - Битола, ЈП Комуналец - Битола, ЈП Пазари - Битола, ЈП Комуна - Крушево, ЈКП Комуналец - Прилеп, ЈП Чистота и зеленило - Куманово, ЈКП Тетово - Тетово, ЈП Водовод и канализација - Струга, ЈП Комуналец - Неготино, ЈП за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општина Битола-ЈППЈЛП Битола, ЈПКР Услуга - Берово, ЈПКД Маврово - Маврови Анови, ЈП Комунален сервис - Валандово, ЈПКД Комуналец-Полин Стар Дојран и др.

„Се преговара и се очекува на почетокот на наредната недела да се потпишат спогодби во: ЈП Паркови и Зеленило Скопје, ЈП Паркинзи Струмица, ЈП Погребални услуги Св.Николе, ЈП Струмица Гас Струмица, ЈП Комуналец Св.Николе и др.

Важно да се нагласи е дека и покрај тоа што нашите колеги го исполнија главното барање, тие солидарно штрајкуваат и даваат поддршка на останатите штрајкувачи се до исполнување на барањата на Генералниот штрајк.

Генералниот штрајк, ССМ го организира за заштита на економските и социјалните права и остварување на следните барања од работен однос:

-склучување на Општ колективен договор за јавен сектор со утврдено зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2806 денари во нето износ согласно зголемувањето на минималната плата објавена во Сл. Весник на РСМ бр. 41 од 24 февруари 2022 година и утврдено право на регрес за годишен одмор во висина од 30 до 100 отсто од основицата.

За жал од страна на владините претставници ниту од владејачкото мнозинство во парламентот нема сигнали дека ги прифаќаат барањата на штрајкувачите иако им се случува генерален штрајк во  цел јавен сектор за прв пат по 20 години.

Некој штрајкува, некој навива!“, се вели во соопштението од Синдикатот.

Можеби ќе ве интересира

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!

Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет