21 Септември, 2024
28.6758

АРСОВСКА КОНТРА МИЦКОСКИ: Го охрабруваме да ја преземе одговорноста

Објавено во: Македонија 14 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Откако вчера премиерот Христијан Мицкоски најави дека ако не се средат работите во градот, Владата ќе разгледува можност за одземање на ингеренциите на градоначалничката, се огласија од град Скопје.

Во соопштение оттаму велат дека десет месеци Советот на градот, под контрола на Мицковски намерно не ја гласа програмата за ЈАВНА ЧИСТОТА НА КОМУНАЛНА ХИГИЕНА со што директно го попречува собирањето на смет и ја намерно ја нарушува јавната чистота. Се работи за 100 луѓе кои во период од 20 години наназад редовно, секоја година го чистеле градот, освен оваа година.

Оттаму исто така одаваат дека советниците под контрола на Мицковски за оваа своја партиска послушност за секоја седница добиваат по 500 евра. Единствен губитник во оваа политичка игра на акумулирање на моќ се граѓаните на Скопје. 

„Целата операција на Мицковски всушност е покривање на изневерените политички и национални ветувања, кои што бев дел од фолклорот на митинзите и по штабовите, како и на сите негови прес конференции. Ја поздравуваме најавата на претседателот на Владата Христијан Мицкоски и го охрабруваме во најбрз можен рок да преземе одговорност за нарушените состојби во главниот град, кои што ги креираше“ велат од градот.

Оттаму додаваат дека како за почеток, апелираат премиерот Мицковски да ги вразуми советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на град Скопје кои трета година по ред свесно и за политички поени ја кочат работата на јавните претпријатија. 

„Апелираме Мицковски да ги убеди советниците да гласаат за набавка на нови еколошки автобуси, проект кој заедно со градоначалничката Арсовска го ветуваше на скопјани. Апелираме советниците навремено да ги гласаат програмите за работа на јавните претпријатија со цел да не се кочи нивната ефикасност, апелираме Мицкоски да превземе одговорност и за свесното блокирање на претпријатијата.Го охрабруваме Мицкоски да се обиде и да ја превземе одговорноста за членовите на Управните и Надзорните одбори во претпријатијата на градот Скопје каде владејачката ВМРО-ДПМНЕ е застапена со над 90% од членовите на Одборите. Токму овие членови на УО и НО три години се изживуваат врз вработените и граѓаните на Скопје. Сите управни одбори без исклучок се со мнозинство членови на ВМРО-ДПМНЕ и се чини имаат единствена задача - влошување на состојбите и блокирање на услугите. Го охрабруваме Мицкоски да ги охрабри овие луѓе да ги одобрат плановите за вработување, плановите за набавки на нови контејнери, машини, дрвја, зеленило, автобуси и резервни делови. Апелираме да се стави крај на политичкиот терор, и сега како одговорна владејачка партија, Мицкоски да превземе одговорност за состојбите во главниот град за кои најзаслужни се советниците и членовите на Управните и Надзорните одбори на градските јавни претпријатија“, се вели во реакцијата од градот.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинетите не се чувствуваат виновни за убиствата на Вања и Панче, за Палeвски случајот е политичка наредба

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинетите не се чувствуваат виновни за убиствата на Вања и Панче, за Палeвски случајот е политичка наредба

НЕВРЕМЕ ВО ТЕТОВО: Поплавени се улици, домови, гаражи

НЕВРЕМЕ ВО ТЕТОВО: Поплавени се улици, домови, гаражи

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Се укинува целосната забрана за движење во шума

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Се укинува целосната забрана за движење во шума

ТОШКОВСКИ: Фокусирани сме на функционален систем за следење на сообраќајот со камери

ТОШКОВСКИ: Фокусирани сме на функционален систем за следење на сообраќајот со камери

ПЕЕВСКИ: Сите бугарски политичари и институции мора да се обединат за да ја пресечат антибугарската кампања на политичарите од Северна Македонија

ПЕЕВСКИ: Сите бугарски политичари и институции мора да се обединат за да ја пресечат антибугарската кампања на политичарите од Северна Македонија

(ГАЛЕРИЈА) ПАЛЕВСКИ РЕЧЕ ДЕКА НЕ ГО ПОЗНАВА ТАТКОТО НА ВАЊА: Вели дека обвинението е засновано на лажен исказ на еден од обвинетите

(ГАЛЕРИЈА) ПАЛЕВСКИ РЕЧЕ ДЕКА НЕ ГО ПОЗНАВА ТАТКОТО НА ВАЊА: Вели дека обвинението е засновано на лажен исказ на еден од обвинетите

КОВАЧЕВ ЌЕ БАРА ВМРО-ДПМНЕ ДА БИДЕ ИСКЛУЧЕНА ОД ЕПП: Македонските политичари ги обвини дека со Вучиќ и Обран ќе отидат во Кина и Русија

КОВАЧЕВ ЌЕ БАРА ВМРО-ДПМНЕ ДА БИДЕ ИСКЛУЧЕНА ОД ЕПП: Македонските политичари ги обвини дека со Вучиќ и Обран ќе отидат во Кина и Русија

МИЦКОСКИ: Ако има желба од ЕУ да сме дел од европското семејство, тогаш има и начин, повеќе ултиматуми не прифаќам

МИЦКОСКИ: Ако има желба од ЕУ да сме дел од европското семејство, тогаш има и начин, повеќе ултиматуми не прифаќам

ШАРЛ МИШЕЛ ВЕЛИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ИМА МОЖНОСТ ДА СЕ ПРИКЛУЧИ НА ЕУ: „Ако ги спроведе обврските од минатото“

ШАРЛ МИШЕЛ ВЕЛИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ИМА МОЖНОСТ ДА СЕ ПРИКЛУЧИ НА ЕУ: „Ако ги спроведе обврските од минатото“