18 Декември, 2025
0.0452

Арсовска: Со сите одбори на скопските претпријатија управуваат ВМРО-ДПМНЕ и Влен

Објавено во: Македонија 22 Септември, 2025 20:19

Добивај вести на Viber

Комунална Хигиена Скопје го управува 4 години претседателка на Управен одбор од ВМРО осудена правосилно за 2 тешки кривични дела, вели градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, а по низата фотографии од преполни контејнери низ градот.

„На Орце Ѓорѓиевски пренесете му да не прави нарачки, ако сакал градот да е почист доволно е на нивната партиска другарка Јулијана Спировска да и се јави, таман сега немаше да мора да се бори со демони. Инаку женава со кривично досие за ХАОСОТ што го предизвикува во Комунална хигиена, ќе биде наградена со советничко место во општина Бутел“, пишува Арсовска на Фејсбук.
Ја критикуваше и Државната изборна комисија дека го дерогира правилникот.

„Браво за ДИК кои Закон дерогираат со правилник и осудени лица со нивен амин ќе ви ги водат општините по избори пак. 4 години со 500 членови сите Управни одбори, Надзорни одбори и Училишни одбори на скопските јавни претпријатија и установи ви ги управуваат ВМРО и ВЛЕН. Обратете се кај нив за хигиената во градот, вработените во претпријатието и метачите со сите сили макотрпно работат и се борат со партиските демони на суетни самобендисани политичари“, вели Арсовска.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери