19 Декември, 2025
0.1801

АРСОВСКА ЗА СЛАВЕСКИ: Претседателот на Советот нема право да толкува мислење на Градоначалник

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2024 20:02

Добивај вести на Viber

На 26 ноември година од страна на членот на Советот на Град Скопје Горан Арсов, до Претседателот на Советот на Град Скопје е доставена иницијатива за отпочнување на постапка за покачување на цената на услугата која ја добиваат приватните превозници ангажирани од страна на ЈСП, со која Советникот Горан Арсов му предлага на Советот да усвои заклучок со кој би се преземале соодветни активности и разгледале сите можности за условите за покачување на цената на услугата на приватните превозници, велат од Град Скопје. 

За истото, како што се вели во реакцијата, претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески на 27 ноември доставил Барање за мислење до Градоначалник на Град Скопје, кој јавно уште во текот на вчерашната седница побара произнесување поврзано со истото.

„Од моја страна како Градоначалник му беше веднаш доставено мислењето со што се исполнети условите согласно Статутот и Деловникот за работа на Советот на Град Скопје за ставање на иницијативата како точка на дневен ред на Седница на Советот на Град Скоје. Со досегашните практики кои се спротивни на Статутот и Деловникот на Советот на Град Скопје, а воспоставени од страна на Претседателот на Советот на Градот Скопје со кои не се ставаат за разгледување доставени иницијативи од страна на Советниците за кои има доставено мислење од страна на Градоначалник, Ви се ускратува Вашето право да дискутирате и носите одлуки без разлика какви ќе бидате истите. Денес од страна на Секторот на поддршка на Совет добив известување дека мислењето кое од моја страна беше доставено до Претседателот на Советот на Град Скопје во текот на вчерашниот ден, според него е нерелевантно со што го прекршува Статутот и Деловникот за работа на Советот на Град Скопје и си ги пречекорува сопствените овластувања. Претседателот на Советот нема право да толкува мислење на Градоначалник ниту истото да не го прифаќа, туку  само да го достави до Советниците. Дали овие чекори се поради непознавање на Деловникот за работа на Советот на Град Скопје кој има 64 страни, кој досега Претседателот требало да го прочита и знае, или поради обид за креирање на нова криза во јавниот превоз во Град Скопје, тоа оставам да го процените сами“, се вели во реакцијата на градоначалничката Данела Арсовска. 

Се додава дека условите за свикување на редовна или вондредна Седница на Советот на Град Скопје и поставување на иницијативата како точка на дневен за дискусија по истата се исполнети во целост.

Советот на Град Скопје, денеска на итна седница по два и пол часа расправа донесе заклучок со кој се задолжува градоначалничката на Град Скопје во најкус можен рок, по можност во текот на денешниот ден до претседателот на Совет да достави измени и дополнувања на одлуката за утврдување на вредноста на надоместокот за извршени услуги во линискиот превоз на патници по критериумот остварен километар од 24 февруари 2017 година, со тоа што износите по цена на километар да ги зголеми за 30 денари соодветно, а поврзано со цената на горивото. Советот на Град Скопје, денеска на итна седница по два и пол часа расправа донесе заклучок со кој се задолжува градоначалничката на Град Скопје во најкус можен рок, по можност во текот на денешниот ден до претседателот на Совет да достави измени и дополнувања на одлуката за утврдување на вредноста на надоместокот за извршени услуги во линискиот превоз на патници по критериумот остварен километар од 24 февруари 2017 година, со тоа што износите по цена на километар да ги зголеми за 30 денари соодветно, а поврзано со цената на горивото. 

Можеби ќе ве интересира

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите

ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило