СОФИЈАНОВА И ВАСЕВ СИ ДАДОА ОСТАВКИ: Ќе бидат назначени нови директори на Детската клиника и на Онкологија
Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2022
Од Министерството за здравство соопштија дека по барање на министерот за здравство, Беким Сали денеска се поднесени оставки од двајца директори на универзитетски клиники. Станува збор за директорката на Универзитетска клиника за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова и директорот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, д-р Никола Васев.
По назначување нови директори на овие клиники од страна на Министерот, јавноста навремено ќе биде информирана. Клан тв претходно објави сторија за Софијанова во однос на дежурствата и висината на нејзината плата.