16 Декември, 2025
0.0421

Атлантик Група ја одбележа 2014 со најголем инвестициски циклус во развојот на производството

Објавено во: Мои пари 24 Февруари, 2015 13:55

Добивај вести на Viber

Атлантик  Група во 2014 година оствари приходи од продажба во износ од 670,8 милиони евра, што во споредба со претходната година претставува раст од 2,4 проценти. Добивката пред камати и даноци (EBIT) изнесува 57,8 милиони евра и порасна за 3,8 проценти додека нето добивката по исплатата на малцинските акционери изнесува 28,0 милиони евра и претставува раст од 2,6 проценти.

„И покрај тоа што 2014 година беше обележана од тешки макро и микроекономски услови, примарно намалена лична потрошувачка, силна депресијација на руската рубља, елементарни непогоди во регионот и негативно движење на повеќето пазарни категории, Атлантик Група бележи приходи и профитабилност во согласност со најавените очекувања и со постојано намалување на задолженоста. Горди сме на остварениот резултат, а во 2015 продолжуваме да се фокусираме на понатамошен раст и интернационализација на работењето, управување со оперативните и финансиските ризици, одржување на ликвидноста и управување со финансиските обврски“, истакна Емил Тедески, претседател на Управата на Атлантик Група.

Работењето на Атлантик Група во 2014 година го обележа успешниот почеток на дистрибуцијата на асортиманот на Унилевер (Knorr, Hellman's, Axe, Rexona, Brut, Signal, Coccolino, Domestos, Cif и многу други) на пазарот во Хрватска и Словенија како и изградбата на нова фабрика за енергетски барови Multipower од асортиманот на спортска и активна исхрана во Индустрискиот парк Нова Градишка. Со оглед на успешно завршената работа во предвидениот рок, технолошкиот тим започна со тестно производство во погонот за во првиот квартал од 2015 година производството да постигне целосна функционалност. Со ова е завршен најголемиот инвестициски циклус во проширувањето и развојот на сопствените производни капацитети во историјата на работењето на компанијата, со вкупна вредност од 13 милиони евра. Со цел понатамошна интернационализација на работењето и зајакнување на брендираниот асортиман, во ноември 2014, Атлантик Група потпиша договор за 100 процентно преземање на компанијата Фудленд со седиште во Белград и производни погони во подножјето на Копаоник, во населбата Игрош. Најважниот дел од асортиманот на Фудленд под брендот Bakina tajna ги опфаќа деликатесните солени намази и сосови, слатки намази и природни сирупи и сокови од свежо овошје и зеленчук.

За вкупниот раст на приходите од продажба на Атлантик Група во 2014, највеќе придонесоа Стратешката бизнис област Деликатесни намази со раст од 3,1 процент, Стратешката дистрибутивна област Меѓународни пазари со раст од 4,8 проценти и почетокот на дистрибуцијата на Унилевер во Стратешката дистрибутивна област Хрватска и Дистрибутивната област Словенија. Кафето, со 20,1 процентен удел во вкупните приходи од продажбата, се истакнува како најголема поединечна категорија со 134,6 милиони евра приходи од продажба.

Гледано по пазари, најголем раст од 17,4 проценти е остварен на пазарот во Словенија што изнесува 15,8 проценти од вкупните приходи од продажба. Пазарот во Хрватска со 25,1 проценти има најголем удел во вкупните приходи од продажба и оствари раст од 6,3 проценти.

Сопствените брендови на Атлантик Група учествуваат во продажбата со 67,0 проценти, дистрибуцијата на брендовите од принципалите со 18,0 проценти, фармацевтскиот ланец Фармација со 6,2 проценти, додека производите кои Атлантик Група ги произведува како приватни брендови за големите бизнис системи во земјата и странство учествуваат со 8,8 проценти во вкупната продажба.

Можеби ќе ве интересира

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави